Ads

урбан

тамбови

Мерцедес во дневна

Како да им е малку што се еден од најпознатите автомобилски брендови: од Мерцедес најавија дека ќе дизајнираат и мебел.

Koj e рускиот Банкси?

Го викаат P183, а се вика Павел. Тврди дека му е потомок на Сергеј Есенин, но сака да остане анонимен за да може слободно да флертува со илегалноста. Вооружан со спреј и бои, тој талка ноќе низ улиците на Москва и ги полни ѕидовите со политички и поетски фрески.

Снегбастерс

Додека кај нас главно се чека снегот сам да се стопи, остатокот од светот користи роботи кои јадат снег, "ѕверови" чистачи од 412 коњски сили, па дури и бомбашки екипи.

Облакодерите се предзнак за криза

Земјите во кои се градат многу облакодери најчесто запаѓаат во економска криза, затоа во моментов најмногу треба да се внимава на Кина и Индија.

Рим ќе ја корне калдрмата

За градоначалникот на Рим, жените со високи штикли се доволно добра причина за вадење на калдрмата од сите улици низ градот.

Кирија за сите пари

Со станарина од 165.000 долари месечно, реновиран апартман во хотел Плаза стана најскапиот стан за изнајмување во историјата на Њујорк.

“Убијци“ на природата во пензија

Кога ќе се пресмета просечната емисија на ЦО2 по глава на жител, се добива дека најголеми загадувачи на средината се луѓето во 60-те години од животот.

Нека не доаѓаат во Холивуд!

Знакот Холивуд, симболот на Лос Анџелес, за локалните жители стана симбол за ѓубре, загадување, паркирање на кој кај ќе му текне, 24-часовна бучава и кинење нерви.

На раат по Шанз-Елизе

Француската Влада го забрани питачењето на Шанз-Елизе, најскапата комерцијална авенија во Европа.

Како демонстрантите стануваат хулигани

После четири дена немири, грабежи и палежи низ Британија, психолозите и криминолозите расправаат зошто и како луѓето одеднаш почнуваат да дивеат и стануваат дрски арамии.

Најскапата куќа на светот под истрага

Заради нелегална продажба на плацот, гордиот сопственик на најскапата семејна куќа во светот би можел да го загуби својот дом вреден 1 милијарда долари.

Станот како доживотно прашање

За стан во Скопје од 60 квадрати, Македонец со просечна македонска плата мора да работи 44,4 години, под услов да не потроши ни денар. Белграѓаните се единствените од регионов на кои им треба повеќе време да отплатат стан.

Москва х 2

Површината на руската престолнина ќе се зголеми за повеќе од два пати, најавија властите, чии критичари забележуваат дека планот само ќе придонесе кон и онака силната централизација на земјата.

Бебињата оставете ги надвор

Ресторан во САД забрани влез за деца под 6-годишна возраст, а според газдата на местото - кај бебињата нема ништо лошо, освен фактот што не можеш да им го намалиш тонот.

Еколошко на ти го - дај ми го

Шпански град на своите жители им нуди доживотен бесплатен превоз во ганц новиот трамвај, а сè што треба овие да направат е да им ги предадат своите автомобили.

Фотокопија од село

Импресионирани од австриското село Халштат, кинески архитекти решиле комплетно да го ископираат селото на локација во Кина.

Конзулат во земјата на чудата

Со намера полицијата од еден мал италијански град да го остави на раат, Италијанец ја претворил својата зграда во лажен почесен конзулат на Република Албанија.

Човек на човека му е комшија

Што е сосед? Човек кој живее на неколку метри од вас, крева прашина дури тресе теписи, или ви истура пепелник врз глава, или наместо будилник ве буди со турирање на стариот автомобил, и прави и вие да бидете - соседи.

Хелсинки, најдобар за живот

Заради архитектурата и “финскиот начин на решавање на работите“ Хелсинки е најпогодниот град за живеење во светот на листата на магазинот Monocle.

Како би реагирал Морисон?

Угостител од Париз цел живот збира пари да отвори бар посветен на Д Дорс, комплетно го декорира со постери и сувенири од групата кои ги собира 25 години, за на крај да добие писмо од застапник на правата на бендот, кому му пречи асоцијацијата на Д Дорс со алкохол.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk