Ads

шопинг

тамбови

На лажните комплименти, голем им е цехот

Британките годишно трошат повеќе од 2 милијарди фунти на облека, само затоа што одат во шопинг со мажи кои се плашат да им признаат кога нешто не им стои добро.

Плати две, земи едно

Сладоледи, памперси и детергенти се дел од производите што изминативе две години „губат“ на тежина, ама цената им останува иста. Потрошувачите ретко кога се свесни за тоа.

Големи и празни

Најголемиот трговски центар во светот во исто време држи и друг светски рекорд: трговски центар со најмалку продавници што работат.

На кој му е подлабок

Штом мажите дознаат дека во нивниот град има сè помалку жени, почнуваат да се однесуваат како - жени. Трошат без усул и забораваат да штедат.

Потешки торби, поголем стрес

Торбите полни со храна, облека или подароци за празниците, “натежнуваат“ и врз психата на купувачите.

Изненадување!

Статијава може да ги изненади луѓето кои сакаат да ги изненадуваат блиските со долго и внимателно избирани и скапи подароци.

Мајчинство и шопинг

Девојка (во врска со одењето по бутици и супермаркети) пред да стане мајка: Шопингот е возбуда! Мајка: Шопингот е терет.

Среќна ми Нова година!

Иако има уште цели два месецa до прослава за 2012-та, луѓето од сега имаат план како и колку да купуваат: ќе трошат помалку на подароци за другите, а повеќе на себе.

Продавница итрица

Звуци на бавна музика по бутиците, претежно на евергрини, е еден од триковите со кој жените се намамуваат 8 години од животот да поминат во шопинг и да потрошат многу, многу пари.

Икеа од близу

Сопственикот на Икеа краде сол по ресторани, вработените позираат за каталозите на компанијата а чудните имиња на производите не се никаква случајност, открива Њујоркер.

Нова дефиниција за женска среќа

Чантите се "Светиот Грал" за шопингот на секоја жена, покажуваат новите анкети. Чевлите се само за нијанса помалку "свети". 

Секоја втора жена мрази шопинг?

Наспроти многу студии во прилог на тезата “жените се шопинг манијаци“ британско истражување открива дека 44% од жените всушност се ужаснуваат од мислата дека треба да претураат по рафтовите со облека.

Пазари ко Кинез

Наспроти општоприфатената претстава дека Американците или Европејците се најлуди по шопинг, Кина и Индија се најдоа на врвот на листата на нации кои најмногу уживаат во купувањето облека и накит.

Што би купил ако добиеш џек-пот?

Ако жена добие бинго ќе си купи дијамантски прстен, ќе најми личен тренер и ќе отиде на луксузен одмор а маж премијата би ја потрошил за 3 дена.

Зошто некогаш трошиме повеќе пари?

На шопинг никогаш не одете кога сте депресивни, гладни или со партнерот а притоа никако немојте да се движите обратно од стрелките на часовникот, советува маркетинг експертот Мартин Линдстром.

Шишето вода од 2.600$

Американската компанија Блинг H2O почна да продава вода од 2.600 долари, која доколку би била точена во обично шише би чинела само 2,5 долари.

Како се купува среќа

Штеди а не позајмувај за омилените чевли, полека со осигурителните компании и не истражувај премногу пред да купиш нешто, се дел од советите во SmartMoney за тоа како човек да “испазари“ повеќе радост.

Шопинг на рецепт

Научниците најдоа начин како полесно да се помират со тоа што жените им ги трошат сите пари – открија дека шопингот е добар за здравјето.

И луксузот затрупан во земјотресот

Во Јапонија живеат 2% од светската популација, кои купуваат дури 11% од луксузните стоки кои секоја година се продаваат во светот, бројка која сериозно ќе биде разнишана по неодамнешната катастрофа.

Трикот на Икеа

Трикот на Икеа

Распоредот на просторот и работите во салоните е тајното психолошко оружје со кое Икеа ги убедува купувачите да грабаат што повеќе од робата на компанијата, тврди стручњак за дизајн.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk