Ads

За боеми е Шкотска

За боеми е Шкотска

Заљубените парови со стил се само за во Париз, двојките со волонтерски навики за југоисточна Азија а партнерите кои сакаат културно да се издигнат добро е да се упатат кон Прага. И добро е да носат доста кеш.

За боеми е Шкотска
Тајланд

Сајтот Gulfnews објави листа на предлози на дестинации за патувања на двојки, направена врз основа на карактерот на партнерите во една врска, а по повод  Денот на вљубените.

За скроз романтични души - Мароко
На најромантичните им се порачува да заминат во Мароко и да се сместат во луксузниот хотелот Касбах Тамадот, кој некогаш бил тврдина. Хотелот се одликува со прекрасни градини, долги шеталишта и поглед кон планинскиот масив Атлас.

За љубителите на природата - Костарика
Финка Роса Бланка е мало, луксузно и светски познато еко туристичко место, лоцирано на плантажа на органско кафе, од каде има прекрасен поглед на вегетацијата. Во понудата за посета на ова место може да се договори и посета на националниот парк, качување на вулкан од 1.200 метри и возење со хеликоптер. Ноќевањето за двајца во ова ремек дело не природата чини околу 250 евра.

За боемите по душа - Шкотска
Обиколувањето на симпатичните мали населени места, локалните пабови, проучувањето на дестилацијата на вискито, посетите на древните дворци и модерните фарми е она што се смета дека и дава шмек на Шкотска. Во оваа земја човек има алтернативи - урбан, или еко тип на одмор, или пак комбинација од нив.

За грижливи парови - излет низ југоисточна Азија

Многумина тврдат дека овој дел од Земјата е најпогоден за меден месец. За паровите кои сакаат активно и исполнето патување има бројни аранжмани за Кина, Камбоџа, Лаос и Тајланд. Освен со поинаквата култура и егзотика, посетителите тука имаат можност да волонтираат, при што најчесто се работи на помош на сиромашни.

За заљубените кои сакаат луксуз - Индија
Патување од Мумбаи до Делхи со луксузниот индиски воз Махараџа експрес е идеално за парови кои имаат намера (и кеш) да ја запознаат богатата историја на оваа земја да видат чудесни храмови, луксуз, како и различен животински свет.

За патници кои сакаат културно издигнување - Прага
Февруари е најдобар месец за посета на престолнината на Чешка заради бројните карневали и други интересни настани. На паровите кои освен културно да се издигнат, ќе сакаат и да бидат романтични во Прага, им се порачува да гледаат зајдисонце на Карловиот Мост или на брод по Влтава.

За паровите со стил - Париз

Туристите кои сакаат да го доживеат Париз како град со стил, треба да присуствуваат на некој настан од богатата уметничка програма, да прошетаат по монументалните мостови и квартот Монтмартр.


3. Февруари 2012 - 14:28
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk