Зошто жените сакаат туѓи мажи |
Зошто жените сакаат туѓи мажи
Судејќи според истражувањето на Askmen.com, главно затоа што се туѓи и затоа што уживаат во помислата дека зезнале некоја.
| « врати се назад |

Сакаат да го имаат тоа што не можат да го добијат
Слично како и Ева, која посегнала по забранетото јаболко, така и денешните жени го прават истото со мажите, па и скоро со сè друго. Колку е нешто понедостижно, толку повеќе копнеат по него.
Слушаат убави работи за зафатените мажи
Објаснувањето е многу просто. Слушајќи како другарките или познаничките ги фалат своите партнери, многу жени не можат а да не посакаат некој таков покрај себе. По можност тоа да биде баш тој.
Убедени се дека зафатените мажи немаат скриени мотиви
Тие не се служат со добро познатите финти за ловење жени, како делењето комплименти и пуштање пијачки. Жените им веруваат затоа што се убедени дека немаат намера да ги искористат, бидејќи нели веќе имаат девојка или жена. 
Жените сакаат сè што е популарно
Или поинаку кажано, го сакаат тоа што другите го имаат. Фактот што некој маж и е миленик на некоја жена, за другата значи дека вреди да се помачи за него. А, со самото тоа што веќе е во врска, покажува дека е подготвен да се скраси, дека знае да сака и сл.
Сакаат кога некој им го крева егото
Ако маж ја ризикува својата врска, само за да биде една или повеќе ноќи со друга жена, тогаш за таа другата тоа е знак дека нема поубава од неа.
Жените сакаат предизвици
А, освојувањето зафатен маж и те како е предизвик. Посебно кога типот изгледа како да е задоволен од врската и дека не сака да ја прокоцка. 
Уживаат кога ќе зезнат друга жена
Има многу такви жени кои едноставно сакаат да се закачаат со припадничките на истиот пол. Ако во основно школо им ги тегнеле кикиците, сега сакаат да им ги "тегнат" мажите. Некои тоа го прават од одмазда а некои чисто за да видат дали можат да го придобијат.
























