Ads

Жените сакаат релаксација

Жените сакаат релаксација

Баш никаков апарат за домаќинство или нешто што асоцира на чистење нема да им направи услуга на мажите кои сакаат да ја изненадат партнерката за Денот на вљубените. Ни чоколадите не вршат работа.

Жените сакаат релаксација

Апаратите за домаќинство се број 1 омразен подарок меѓу женската популација, затоа што најмалку што им треба е некој да им кажува да бидат домаќинки, покажа британско истражување.

Жените доволно мразат кога ќе добијат долна облека што не е нивен број, за мажите да заборават и на оваа опција за подарок, освен ако не се 100% сигурни за величината.

Плик со пари е број 3 подарок од кој на припадничките им се крева коса и го сфаќаат како недостиг на креативност кај партнерот, а свенато цвеќе набрано по пат за дамите претставува навреда, а не гест на искажување љубов.

Жените нема да ги изненади ниту чоколадо, зашто според истражувањето, прво што им паѓа на памет кога ќе добијат слатки, е дека партнерот после ќе им мрчи дека само се дебелат.

Заклучокот од истражувањето е дека девојките за Св. Валентин ќе бидат најизненадени и задоволни доколку добијат ваучер за спа третмани или момците ги однесат на романтичен викенд во хотел, каде ќе имаат повеќе време само за себе.


6. Февруари 2012 - 15:46
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk