Ads

Жени, ова е вашиот мозок во оргазам

Жени, ова е вашиот мозок во оргазам

Група американски научници објавија видео од женски оргазам, ама не од аголот од кој вие би сакале да гледате.

 Жени, ова е вашиот мозок во оргазам
Жената чиј оргазам е снимен

На снимката, која е прва од ваков вид во светот, се гледаат мозочните активности на женскиот мозок во текот на трите фази: надоаѓањето на "бранот", експлозијата и опоравувањето од оргазмот.

За да ја направат анимацијата, истражувачите од Руџерс универзитетот во Њу Џерси, ја следеле мозочната активност на Нан Вајс, 54-годишна докторантка и психијатар, која мастурбирала лежејќи во fMRI скенер.

Преку проучувањето луѓе кои доживуваат оргазам, професорот Бери Комисарук и неговиот тим се обидуваат да откријаат кој е проблемот кај луѓето кои не можат да го достигнат сексуалниот климакс.

Видеото ја покажува промената на активноста низ 80 одделни мозочни региони, преку снимки правени на секои 2 секунди. Почетокот на активноста е обележан со темно црвена боја, развивањето со портокалова и жолта а врвот со бела боја.

"Целта на ова истражување е да покаже како оргазмот се развива од гениталната симулација и кои делови од мозокот се активираат", објаснува проф. Комисарук.

Од видеото се гледа дека активноста почнува во сензорниот кортекс (областа која реагира на допир) и се проширува во лимбичниот систем (збир од мозочни структури поврзани со емоциите и долготрајното сеќавање).

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

Како што надоаѓа сексуалниот климакс, активност се појавува во малиот мозок и фронталниот кортекс. Додека трае оргазмот, активноста доживува врв во хипоталамусот, кој ослободува хемикалија наречена окситоцин кој предизвикува чувство на уживање и ја стимулира матката. Во истиот момент, активиран е и нуклеус акумбенс, областа поврзана со задоволствата и наградата.

По оргазмот, активноста во сите споменати региони полека се намалува.


16. Ноември 2011 - 11:39
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk