Ads

Упорноста е мајка на грдите

Упорноста е мајка на грдите

Грдите мажи успеваат кај убави жени само затоа што се безмилосно упорни и убедени дека се неодоливи.

Упорноста е мајка на грдите

Психолозите од колеџот Вилијамс велат дека имаат објаснување за феноменот на грдите мажи кои често пати успеваат да заведат девојка поубава од нив.

Тие веруваат дека тоа се должи на еволуцијата, која направила мажите да го преценуваат својот изглед само за да си ја зголемат можноста за парење.

Во извештајот од студијата објавен во журналот Psychological Science, пишува дека додворувајќи им се на повеќе жени, мажите си го зголемуваат ризикот од посрамотување, но од друга страна си ја намалуваат шанса за останување сам.  

"Постојат 2 грешки кои ги прават мажите. Или мислат дека некоја е заинтересирана за нив а таа всушност не е или некоја навистина се интересира а тој тоа не го приметува. Во вториот случај штетата е голема", вели др. Карин Перилу.

Истражувачите направиле експеримент со 96 машки и 103 женски студенти, кои добиле време од 3 минути да разговараат со 5 претставници од спротивниот пол.

Пред разговорот сите ја оценувале сопствената привлечност а после дружењето го проценувале изгледот на соговорниците и нивната сексуална заинтересираност.

Резултатот покажал дека кај момците кои погрешно верувале дека се атрактивни, постоеле поголеми шанси да ја преценат заинтересираноста кај соговорникот. Тоа не бил случај со момците кои девојките ги оцениле како привлечни. 

Истражувањето открива и дека жените го потценуваат интересот кој го будат кај мажите, веројатно заради одбранбениот механизам за заштита од непосакуван сексуален интерес.


15. Декември 2011 - 11:31
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk