"Те сакам" од 100 евра |
"Те сакам" од 100 евра
За секое изјавување љубов, Италијанците трошат од 98 до 140 евра. Понудата за брак ги чини 2 просечни македонски плати.
| « врати се назад |

За потребите на истражувачки проект на Human Highway, со наслов "Подароци и чувства - студија за нивната економска вредност", анкетирани биле 1.250 Италијанци, од кои било побарано да откријат како и со какви подароци ги изразуваат своите чувства.
Најпопуларни подароци
Облека - 15%
Аксесорис и гаџети - 13%
Накит - 10%
Букет цвеќе - 2%Резултатите покажале дека кога се обидувале да кажат "Мислам на тебе", во просек трошеле по 87 евра, додека едно обично "Те сакам" ги чинело 98 евра. Нешто поскапа е намерата да се каже "Вљубен сум во тебе", околу 140 евра.
Како најскап сентиментален израз се издвојува "Сакаш ли да се омажиш за мене", за кој во Италија се троши во просек по 767 евра.
Во текот на изминатата година, дури 86% од анкетираните лица купиле најмалку 1 подарок, само за да кажат "Те сакам" а 69% од нив платиле за подарок кој изразува посилно чувство, "Вљубен/а сум во тебе".
























