Ads

Слабост на посилниот пол

Слабост на посилниот пол

Широко прифатената констатација дека маж губи глава штом види згодна жена, научниците ја дополнуваат со зборовите: и штом чуе име на жена за која нема поим како изгледа.

Слабост на посилниот пол

Претходни студии покажаа дека мажите во присуство на жена потешко се концентрираат (посебно ако се блондинки), а ново истражување покажува дека и само споменување на женско име може да влијае врз работата на машкиот мозок.

Научниците од холандскиот универзитет Радбод направиле тестови на стотина мажи и жени. Кога на мажите им биле задавани задачи со напомена дека преку камера ги набљудува жена, тие полошо ги извршувале задачите. Во случај кога на жените им се кажувало дека ги набљудуваат мажи, немало никакви промени при извршување на задачите.

“Само споменувањето на женско име е доволно за намалување на когнитивните способности кај припадниците на посилниот пол. На испитаниците дури и не им беше кажано дали жената која ги набљудува е атрактивна или не набљудува,“ изјавил психологот Јохан Кареманс.

Научниците немаат издржано објаснување за ваквата реакција на мажите. Постои претпоставка дека жените за да шармираат се потпираат пред се на својот изглед, додека мажите се потпираат и на карактерот и на шармот и на интелигенцијата, па затоа нивното однесување трпи такви промени.


20. Јануари 2012 - 13:51
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk