Што беше тоа блискост? |
Што беше тоа блискост?
Луѓето денес се толку зафатени (или дремат на Фејсбук) што едвај наоѓаат 10 минути во денот да поразговараат очи в очи со својот партнер.
| « врати се назад |

Секоја четврта двојка разговара помалку од 10 минути дневно а вечерните часови партнерите почесто ги минуваат онлајн, отколку во друштво на партнерот, покажа британско истражување меѓу 2.000 испитаници.
Се верува дека голем удел за оддалечувањето меѓу луѓето има модерниот начин на живот кој носи куп обврски во текот на денот, заради што човек нема време за најблиските. Според истражувањето, секој четврти пар не може да се сети кога последен пат заедно вечерал, а 4% од луѓето не кријат дека целосно ги игнорираат своите партнери.
Две третини од испитаниците пак признале дека повеќе сакаат навечер да се вклучат на Фејсбук или Твитер, отколку да ја поминат вечерта со семејството, а секој петти испитаник повеќе сака да јаде на кауч пред телевизорот, отколку на маса. Сепак, 38% од луѓето посочиле дека искрено жалат што не поминуваат повеќе време со саканите.
“Шокира тоа што луѓето се западнати во `конверзациска кома.` Многу од двојките ретко разговараат, уморни се за да зготват вечера и кога се дома постојат многу работи што ги спречуваат да поминат време со најблиските,“ изјавил Чарли Бигам, чија компанија го спровела истражувањето.
























