Ads

Сè тече, врските се менуваат

Сè тече, врските се менуваат

Спонтаниот секс е мит, оној за една вечер не е баш за една вечер и не е ништо страшно да се зборува за пари на почеток на врската, се непишаните правила за љубов и секс што се во тренд.

Сè тече, врските се менуваат

Некои психолози, социолози и експерти за љубовни врски согласни се дека е време за освежување во подрачјето на интимните односи, зошто велат строго придржување кон одредени правила може да  доведе до занемарување на интуицијата и вистинските случувања и искуства.

Жените на пример долго време се советуваа под никакви услови да не се согласуваат на заеднички живот без да се потпишат кај матичар, зошто засекогаш ќе останат стари моми. Но, истражување на американскиот национален центар за здравствени статистики покажа дека и паровите кои живеат заедно пред да се венчаат имаат исти шанси за среќен брак. Плус, додава д-р. Бил Клок, на некој начин е и тест дали бракот воопшто би функционирал.

Истражувањето на Универзитетот Ајова пак покажа дека сексот за една вечер не ретко бил вовед во сериозна врска.

“Сексот без обврски луѓето веќе не го доживуваат како нешто што би можело да го загрози почетокот на потенцијална врска,“ појаснува социологот Ентони Пејк.

Сексологот Лори Минц ја отвора темата за планиран и спонтан секс, истакнувајќи дека колку што првиот може да биде возбудлив, толку вториот може да биде неостварлив. Возбудливиот и страстен секс, продолжува Минц, се случува кога човек го планира и го исчекува со нетрпение, појаснувајќи дека самото планирање на сексот е возбудлива предигра.

Претходно со години експертите ги советуваа паровите доколку имале некоја расправија, да се смират пред да си легнат, но сега некои психолози велат дека е подобро да се преспие а наутро да се смири топката.

“Тешко е човек нормално да комуницира кога е лут, па затоа е подобро да се наспие и наутро да размисли за се што се случувало и да се смири со партнерот,“ истакнува Бетани Маршал, експерт за љубовни врски.

Како “новитет“ во односите меѓу двојките експертите ја посочуваат и дискусијата за пари на почетокот на врската, со предлог да ја практикуваат и да не се срамат да разговараат за евентуални финансиски проблеми.

“Луѓето често грешат бидејќи не сакаат да разговараат за пари на почетокот на врската. Но, партнерите подобро е да знаат дали делат исти став во однос на финансиските прашања пред да почнат сериозна врска, зошто тоа подоцна може да се појави како огромен проблем,“ заклучува д-р. Бил Клок.


25. Октомври 2011 - 10:32
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk