Рекордери во сексот |
Рекордери во сексот
919 мажи за 24 часа, живот со 80.000 сексуални партнери и 15 часа непрекинат секс, се дел од бројните сексуални рекорди постигнати главно од Американци.
| « врати се назад |

Најголем број рекорди од овој тип држат Американците, но тие имаат сериозна конкуренција во Јапонија, каде е одржана најмасовната оргија на светот, со 500 учесници.
Американската порно глумица Самер Најт е најдлабокото грло во светот, која се уште го држи рекордот на орално задоволување 249 мажи за 14 часа. Обидот на Лара Лав да и го урне рекордот завршил кај 150-от примерок, бидејќи докторите морале да ја прекинат од страв да не колабира.
Рекордот за најдолготраен секс го држи холивудската ѕвезда од '30-те години, Ме Вест, која со својот партнер Тед "општела" цели 15 часа.
Најдолготрајниот женски оргазам траел 43 секунди и се состоел од 25 вагинални контракции. Барем толку избројале американските сексолози Мастерс и Џонсон.
Порно ѕвездата Лиза Спаркс е уште една Американка на листата, која е горда сопственичка на рекордот за најголем број последователни односи во женска категорија. За само 24 часа таа имала секс со дури 919 мажи.
Рекордер во машката категорија е нејзиниот колега Џон Доу (исто така Американец), само што тој ни од далеку не ја исполнил квотата на Спаркс. На него му требале 3 дена да задоволи 101 жена.
Најголем број сексуални партнери во познатата историја, дури 80.000 имала Јулија, ќерката на римскиот император Август (31-ва година п.н.е до 14-та година н.е), која заради разузданоста била протерана на римскиот остров Пандатерија.
Актерка со најбогата порно кариера е Шерон Кејн. За некој да го урне нејзиниот рекорд, треба да глуми во минимум 1.204 филмови и да режира најмалку 32 порничи.
Јапонските проститутки во Хонгконг се шампионки во категоријата најопасна сексуална услуга. Познати како сампан девојки, тие се сексаат во чамец, наслонети преку работ на чамецот, со главата во вода. Треперењето на вагиналните мускули предизвикано од стравот од смртта наводно предизвикува посебно доживување.
























