Проститутки анестезиолози |
Проститутки анестезиолози
Германската полиција уапсила група садо-мазо проститутки кои ги навлекувале своите клиенти на силен анестетик.
| « врати се назад |

По рациите во неколку "студија" низ Минхен, полицијата уапсила 6 сексуални работнички и конфискувала стотици шишенца Прокаин, локален анестетик кој се користи во стоматологијата и при третирање рак.
Еден 45-годишен клиент во рок од година ипол потрошил повеќе од 70.000 евра во таквите студија. После неколку садо-мазо сесии, тој толку се навлекол на супстанцата што го продал автомобилот и зел неколку позајмици за да ја задоволи својата зависност. На крајот завршил во полиција.
Германските власти соопштиле дека проститутките на некои од клиентите им го вбризгувале Прокаинот директно во вена. Инјекциите им ги давале пред, но и во текот на сесиите.
Интравенозното примање Прокаин во големи дози може да предизвика долготрајни последици за физичкото и менталното здравје на луѓето, кои не ретко знаат да бидат и фатални. Анестетикот кој го користеле проститутките бил мешан во коктел од лекови, чии последици се уште не се познати.
Уапсените проститутки и клиентот биле пуштени на слобода по распитот, но против нив се покренати обвиненија за нанесување сериозни телесни повреди, нелегално давање инјекции и злоупотреба на лекови.
























