Ads

Месец на журки и разделби

Месец на журки и разделби

Желбата да се украси по сопствен вкус, да не мора никого да се трезни за Нова година и да се избегне купување подарок за партнерот, се само дел од купот причини зошто врските најчесто пукаат во декември.

Месец на журки и разделби

Иако се чини дека 12-от месец од годината треба да биде и најсреќниот за паровите заради празничната атмосфера, фактите говорат дека тоа е месец кога двојките најмногу се расправаат. Во просек љубовниците креваат глас еден на друг 4 пати на ден, што значи дека ако врската им издржи до 1-ви јануари, месецот ќе го заокружат со најмалку 124 караници. Кавга може да избие и околу тоа во кои бои да се украси елката.
За 23% од учесниците во студијата декември бил толку ужасен на љубовен план, што одлучиле 2012-та да ја дочекаат како самци.
Луѓето во декември најмногу се напнати затоа што во пресрет на празниците сè се плашат дека ќе им снема пари, или дека партнерот не им помага доволно околу средување на куќата, набавки и подготовка на празнични специјалитети. Некои двојки ги измачува и помислата дека нивниот партнер ќе се поднапие на забавите и ќе почне да збори што треба и што не треба.

Капак на сè се роднините и познаниците кои само ѕвонат на врата, па човек едноставно се изморува и навечер сака само да легне да спие, а не и да биде интимен со партнерот.

Вакви заклучоци се извлекуваат од студијата на британската компанија Seddons. Според резултатите, 20% од  испитаници веќе во првата половина од месецот сериозно размислувале за разделба а едно од дваесет лица се плашат дека врската нема да им истрае до јануари. Има и такви што признаваат дека го оставиле партнерот, само за да не купуваат подарок за него.

“Ако врската и од претходно е во криза заради лоша комуникација или недостиг на време за партнерите да се разменат нежности, тоа уште повеќе доаѓа во израз во декември, месец кога луѓето се преоптоваруваат со обврски и грижи. Заради стресот пред празниците луѓето може да ги заборават сите позитивни страни на нивната љубовна врска,“ заклучува Дебора Џеф, предводник на истражувањето.

За врската да ги “преживее“ празниците, психолозите советуваат партнерите да бидат трпеливи и да планираат нешто во што само тие двајца ќе уживаат кога ќе мине празничната еуфорија.


16. Декември 2011 - 18:39
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Весникот го зграпчив додека уште беше жежок и кога дознав дека Траволта повторно беснее и дека поганите јазици се разврзаа на негова штета воопшто не се онесвестив од изненадување. Но, кога некој нема изгореници по телото, нема отворени рани, ниту пак фрактура, не гледам причина зошто не би закажал средба со масер?

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk