Ads

Кога тој сака

Кога тој сака

Ако го фрла ѓубрето, ги гледа нејзините омилени серии и ја прашува за совет, тогаш маж навистина е “луд“ по партнерката.

Кога тој сака

Емотивно се отвора
Емотивната интимност никому не му е лесна, па ако маж пред жена ја отвора својата душа, тоа најверојатно значи дека ја цени и му се допаѓа.

Ги завршува валканите работи
Мажот кој го фрла ѓубрето и го чисти тоалетот, не го прави тоа од ќеф, туку за да покаже дека му значи партнерката и сака да и помогне.

Бара помош
Без разлика дали се жали на својот шеф или бара помош за да одбере подарок за неговите блиски, таков човек го почитува мислењето на партнерката.

Сака да ја “напаѓа“ партнерката
Зграбување и бакнување на јавно место од страна на партнерот, една жена би требало да го сфати како комплимент бидејќи тој така најчесто сака да и покаже дека сте негова и се гордее со тоа.

Никогаш не греши со подароците
Мажот кој најчесто купува подароци што и` се допаѓаат на жената, значи дека се трудел да дознае што таа сака и минал доста време да го најде тоа што ќе ја израдува.

Ја запознава девојката со родителите
Штом маж ја запознае девојката со мајка си, најверојатно има долгорочни планови со неа.

Девојката ја претставува пред пријателите
Овој гест на мажот значи дека партнерката сака да биде дел од неговиот живот, и тоа што подолго.

Подготвен е за компромис
Маж која ја сака жената, сака и таа да биде среќна и не му паѓа тешко да и угодува. Тоа не значи дека секогаш ќе биде по нејзино, но барем ќе се труди да се најде некоја средина.

Станува дел од животот на партнерката
Маж кој сака да ги минува викендите милувајќи се во кревет со девојката и гледајќи “женски“ серии, дава знак дека ја нашол жената која смета дека е вистинската.

Кажува дека е заљубен
Мажите на многу начини без зборови покажуваат дека девојката многу им значи, но ако тоа и го изговорат, веројатно го мислат.


8. Февруари 2012 - 11:24
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk