9 сексуални откритија од 2011-та |
9 сексуални откритија од 2011-та
Годинава, меѓу другото дознавме и дека жените повеќе сакаат Фејсбук од секс, дека во секоја од нив се крие по една бисексуалка и дека студентките лажат на анкети.
| « врати се назад |

1. Жените почесто мислат на храна отколку на секс
Истражувањето на над 5.000 испитанички, покажало дека дури 25% од нив помислуваат на храна на секои 30 минути, додека едвај 10% мислеле на секс нешто почесто. Всушност, веројатно жените почесто мислат на тоа што не го јадат, бидејќи 4 од 10 биле на диета за време на истражувањето.
Сепак, својата страст кон храната жените ја кријат од својот партнер, бидејќи 13% од нив обично нарачуваат оброк со помалку калории, отколку што би посакале.
2. Телефонирање за време на секс
Студијата на една британска компанија откила дека дури 25% од луѓето разговараат на телефон додека имаат секс.
3. Студентките повеќе сакаат комплименти од секс
За многумина студентскиот живот е синоним за промискуитет, но вистината е дека студентките повеќе сакаат да добиваат комплименти и добри оценки, отколку секс. Ним убавиот збор им е поважен и од омиленото јадење.
4. Оргазмот кај жената зависи од обликот на нејзината уста
Леснотијата со која жената постигнува оргазам, зависи од обликот на нејзината уста, тврди Стјуарт Броди, професор по психологија на универзитетот во Западна Шкотска.
Неговото истражување со наслов "Вагниналите оргазми се почести кај жените со поизразена горна усна" потврдува дека жените со нешто поиспапчен дел на устата точно под "Лакот на Купидон" имаат поинтензивни оргазми.
5. Студентките повеќе сакаат е-книги отколку секс
Се чини дека студентките се многу поголеми бубалици отколку што се мислеше. Дополнителен доказ за тоа е истражувањето на една софтверска компанија, кое докажало дека тие попрво би се откажале од сексот, отколку од своите електронски книги. Но, проблемот со оваа студија е тоа што во неа учествувале само 506 испитанички, па некои сметаат дека резултатите воопшто не се релевантни.
6. Една од пет жени повеќе сакаат Фејсбук од секс
На дури една петина од жените им е многу поинтересно читањето постови на пријатели, отколку мазењето со партнерот. Дурио 20% од 2.000 жени анкетирани од списанието Космополитен, признале дека попрво би се откажале од сексот, отколку од Фејсбук.
7. Со годините жените стануваат бисексуалки
Една студија потврдила дека женските сексуални желби можат да бидат вистинска сива зона. Всушност, научниците од универзитетот Боиз откриле дека во една група хетеросексуални жени, 60% почувствувале физичка привлечност од друга жена, 45% некогаш биле со жена и 50% фантазирале за секс со жена.
8. Лаптопот може да биде погубен за спермата
Студија објавена во журналот "Фертилитет и стерилитет", открила дека мажите кои држат лаптоп компјутери на колена, си играат со квалитетот на својата сперма.
За само 4 часа, една четвртина од земените примероци на сперматозоиди, не пливале повеќе а 9% претрпеле оштетување на ДНК-та.
9. Видео игрите го подобруваат љубовниот живот
Жените кои играат игрици на Фејсбук, на мобилни телефони или на компјутер, имаат побогат друштвен живот. Освен тоа, почесто имаат секс од жените кои немаат такво хоби и полесно наоѓаат партнер за стабилна врска.
























