Што живееш, тоа читаш |
Што живееш, тоа читаш
Што е заедничко за 9/11 и должничката криза? Направија делата како оние на Мир-Јам да фаќаат прашина, а Ден Браун да се чита без усул.
| « врати се назад |

Кога е во прашање читањето книги, мрачните времиња ги тераат луѓето да заборават на романтични приказни и да посегнат по криминални романи, покажа британско истражување.
Експертите веруваат дека ваквиот пресврт во навиките за читање во изминатата деценија може да е поврзано со чувството дека животот е понесигурен, па луѓето сакаат да читаат сериозни и крими приказни, во кои сепак постои светло на крајот од тунелот.
Британскиот автор Ли Чајлд објаснува дека ваквите навики за читање ја отсликуваат желбата за безбедност и сигурност и владеење на законот, затоа што на крајот од приказната во криминалните романи, повторно се воспоставува ред.
Конкретно во Британија пред десетина години од библиотеките најмногу се позајмувале книги од Кетрин Куксон, а сега од авторите на трилер и криминални романи Џејмс Патерсон и Ден Браун. Во 2000-та најпопуларна книга била The Thursday Friend од Коксон, додека во 2010-та The Lost Symbol од Ден Браун.
























