Ads

фини работи

тамбови

И на милионерите не им е лесно

Мора да се навикнуваат да живеат напикани во 110 квадрати со бонус од само 75.000 долари, да изнајмуваат цели хотели за тинејџерски журки и да купуваат катни гаражи.

„Вресок” на аукција

Минимум 80 милиони долари е цената која се очекува да ја постигне единствената од 4-те верзии на "Вресок" од Едвард Мунк, која не е во музеј.

Мона Лиза не е сама

Леонардо да Винчи ја насликал мистериозната Ѓоконда во друштво на лав, мајмун, бизон и крокодил.

Страв да те фати

7 милијарди долари е сумата која Американците планираат да ја потрошат на само една ноќ, Ноќта на вештерките. 

Позајмената уметност на Дилан

Голем дел од сликите од њујоршката изложба на Боб Дилан се плагијат на фотографии од неколку познати и непознати фотографи.

Сè за вечна младост

Само за да останат вечно млади, познатите личности се подготвени на секакви гадости, од мачкање лице со измет од птици, до лежење во када со пијавици.

Еден мал фин хепиенд

Дечкото се вика Марко. Дизајнер, беше во тимот за ТЕДх Скопје. Направил неколку постери, минималистички Mарвел симболи, невино си ги ставил на сајтот и отишол на одмор. По некое време проверил, не само што неочекувано имал илјадници кликови, туку и полн инбокс нарачки и понуди за интервјуа.

Уметничка кастрација

И додека Берлускони наредува “вградување“ пениси на скулптури, негови сонародници, уметници, се обвинети дека отстраниле фалуси од средновековна фреска.

Конечно, револуција

Во време кога ни Епл не најавува ништо особено a социјалниот гнев на Запад се сведува на незадоволни шопери (го читнавте Жижек?) фино е да се наиде на нешто вистински поинакво. Се работи за точаците и нивните светла.

Уметност во движење

Од идниот викенд во Филаделфија од една во друга галерија ќе се преместуваат 4.000 уметнички дела (Сезан, Реноар, Матис) вредни 25 милијарди долари, операција споредена со Втората светска војна.

Јапонија 2014-та

9 компании се здружија за да го изградат најнапредниот и енергетски најнезависниот град во светот, чија емисија на јаглерод диоксид ќе биде за 70 проценти пониска од количината на штетниот гас кој во областа се испуштал пред 20 години.

Хобити, внимание

Поплава во Гондор и катастрофални временски непогоди во Хелмовата бездна, се дел од предупредувањата кои се емитувале по унгарските државни медиуми.

Кога милијардерите реновираат

Американскиот менаџер кој имаше рекордни приходи на сред економската криза, ќе урне палата што неодамна ја купил за 43,5 милиони за да изгради нова, уште поголема.

Село по набавна цена

За 500 илјади евра денес може да купите куќа на Водно (веројатно со двор) или цело средновековно село во Италија.

Плејбој интеграција

Германската жестока дебата за интеграција на турските имигранти, доби сосема нова, секси димензија откако Сила Сахин стана првата муслиманка Турчинка која позирала гола за Плејбој.

Анатомија на 1-ви април

"Сакам да умрам мирно како дедо ми... а не врескајќи како неговите патници" е најдобар начин за вовед во американската студија која го проучува феноменот хумор.

Се купува ли среќата со убавина?

Убавите луѓе се посреќни, имаат повеќе пари и позгодни партнери, ама па и да си толку убав не е баш добро, посебно ако си вработена жена.

Ворхол за сите пари

Ворхол за сите пари

10,8 милиони фунти е цената која анонимен купувач ја платил за досега непознат автопортрет на Енди Ворхол, кој прво бил проценет на 3 до 5 милиони фунти.

Бруто домашна среќа

Бруто домашна среќа

Покрај правото да имаат карневал, да имаат жени што сакаат да играат на карневал, да имаат жени што речиси голи сакаат да играат на карневал, во иднина жителите на Бразил ќе имаат уставно загарантирано право на среќа.

Гурката и 40-те разбојници

Гурката и 40-те разбојници

Поранешен индиски војник Гурка, вооружен само со еден нож, успеал да совлада 40-члена вооружена банда, која откако опљачкала воз, се обидела да силува девојка.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk