Што не сакаат мажите |
Што не сакаат мажите
Ако не сакаат да бидат на “црна листа“ кај спротивниот пол, жените слободно можат да заборават на шишки, пунџи, кратка коса и уште некои работи.
| « врати се назад |

Кога е во прашање изгледот на жените, мажите, според истражување на сајтот TotalBeauty, најмногу се ужасуваат од сребрена сенка за очи, која посебно им оди на нерви во комбинација со црн креон.
На второ место се најде разбушавена коса, затоа што испитаниците посочиле дека предност му даваат на пософистициран изглед. Се покажало и дека актуелниот “смоуки ајс“ изглед не им оди во прилог на жените доколку сакаат да освојат некого, затоа што мажите сметаат дека овој тип на шминка жените ги прави премногу мрачни.
“Имам чувство дека жена со таква шминка ќе ме убие ако легнам со неа,“ се пожалил испитаник. 
Припадниците на посилниот пол за дивите локни велат дека понекогаш можат да бидат секси, но дека на крајот сепак досадуваат и премногу ги потсетуваат на 80-те. Мажите имаат замерка и за дреч црвениот кармин, зашто велат оставал впечаток дека жените кои сакаат да го одвлечат вниманието на своите усни, всушност сакаат нешто да сокријат.
На мажите не им е многу по ќеф ниту кратко пострижување, ниту пак собирање на косата во коњско опавче, затоа што не било многу креативно. Шишките не ги сакаат затоа што како да зборувале “имам акна на челото,“ а мажите кои мразат пунџи објаснуваат дека таква фризура е за по дома.
























