Ads

Секс за европски идентитет

Секс за европски идентитет

Сексуална револуција, предлага авторот на Името на розата, за жителите на Европа без разлика од која земја доаѓаат да се чувствуваат Европејци, колку што и луѓето од Џорџија, Охајо и Калифорнија се чувствуваат Американци.

Секс за европски идентитет

“Студентската програма за размена Еразмус скоро и да не се споменува во бизнис рубриките во весниците, иако преку неа се создаде првата генерација на млади Европејци. Јас тоа го викам сексуална револуција - млад Каталонец запознава Фламанка и тие се вљубуваат, се венчаат и стануваат Европејци, како и нивните деца. Еразмус идејата треба да биде задолжителна, не само за студентите, туку и за таксистите, водоводџиите и останати работници. Под тоа подразбирам да минуваат време во други земји од ЕУ, да се интегрираат,“ изјавил Умберто Еко.
“Со сите свои недостатоци, глобалниот пазар војната ја прави помалку возможна, дури и помеѓу САД и Кина. Европа никогаш нема да биде Соединети европски држави, една земја со заеднички јазик како Соединетите американски држави. Мислам дека нема диспаритет меѓу Лисабон и Варшава, како што нема меѓу Сан Франциско и Њујорк. Ќе останеме федерација, но нерастворлива,“ смета Умберто Еко.
Културата, продолжува Еко, а не војните, може да го цементираат европскиот идентитет. Прашан да го опише европскиот идентитет во 2012-та, Еко одговара дека е широко распространет но површен, па вели ова морало да се смени пред кризата да ја соголи Европа.

“Кога станува збор за должничката криза, а јас зборувам како некој што не се разбира од економија, мора да запомниме дека културата е она што го зацврстува европскиот идентитет. Французите, Италијанците, Германците, Шпанците и Англичаните потрошија векови убивајќи се меѓу себе. Мир владее веќе 70 години и никој не сфаќа колку е тоа прекрасно. На САД им требаше граѓанска војна за да се обединат како што треба. Се надевам дека за нас тоа ќе го направат културата и европскиот пазар,“ изјавил Еко.

Во идејата на писателот за силен европски идентитет нема место за банкноти со ликови на политичари и лидери, кои вели разделуваат, туку само со луѓе од културата како Данте, Шекспир и Балзак, кои според Еко го засилуваат духот на единство.


27. Јануари 2012 - 17:03
Ads

Изјава

Нашето тело е само привремен брод со кој плови нашата вечна душа. Секој од нас е продолжение на моќта која го создала целиот универзум, без разлика на која дрога моментално се наоѓаме."
Ru Paul

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

14
највисока темп.
7
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk