Работникот по ФБ се познава? |
Работникот по ФБ се познава?
Американски истражувачи на Фејсбук профилите им го препишаа својството “претскажувачи“ на работните перформанси на корисниците.
| « врати се назад |

Врска меѓу одликите на еден вработен и содржината на Фејсбук профилите е откриена во заедничка студија на Универзитетите Северен Илиноис, Евансвил и Обурн.
При експеримент на тричлена комисија им биле претставени 50-тина ФБ профили на студенти со работа и откако ги прегледале (фотографиите, постовите, коментарите, образование, хоби) давале оценка за тоа колку личностите се одговорни, емоционално стабилни и слично.
Шест месеци подоцна истражувачите процените на комисијата ги споредиле со процените на претпоставените за ангажманот на лицата чии ФБ профили биле истражувани. Заклучокот е дека профилите би можеле да се искористат “како веродостојна алатка при избор на кандидати за вработување.“
Истражувачите напоменуваат дека позитивни процени добиле пред се лицата на кои од ФБ профилот им се гледало дека многу патувале, имале многу пријатели и повеќе хобија. Фотките од журки не биле земени во негативен контекст, туку напротив, лицата кои имале вакви албуми биле карактеризирани како друштвени луѓе.
























