Нарко босот кој ги надмудри Американците |
Нарко босот кој ги надмудри Американците
Њузвик открива како мексиканскиот нарко бос, Ел Чапо Гузман ги натерал американските агенти да му помогнат да стане најмоќниот господар на дрогата во светот.
| « врати се назад |

Постојат само 3 начини на кои еден мексикански дилер може да излезе од нарко картелот: да отиде во затвор, да биде убиен или да стане владин доушник. Овие последните донесуваат таква одлука затоа што биле уапсени и присилени да ги предадат своите шефови.
Човекот чија приказна ја пренесува Арам Ростон од Њузвик, имал многу необична приказна за неговата прва средба со американските федерални агенти.
Токму Ел Чапо, неговиот бос од картелот Синалоа, го убедил да им помогне на Американците. Во тоа време, огромната организација на Ел Чапо Гузман, била на сред жестока војна со конкурентниот картел Виченте Карило Фуентес (ВКФ), па шансата за соработка со американските агенти била одлична можност за предавство на непријателите.
Средбата помеѓу дилерот и агентите, го означила почетокот на еден од најтајните аспекти од нарко војната: големата акција на Чапо за манипулација со американската полиција, во сопствена корист, секако.
10 години откако побегнал од затвор во Мексико, 54-годишниот Чапо стекнал толкаво богатство, што успеа да се најде на листата со милијардери на Форбс. Неодамна, САД го прогласија за најмоќниот нарко бос на светот.
Неговата стратегија била да ги уништи ривалите и да создаде сопствен картел јужно од границата. Една од неговите тактики била своите верни дилери да ги претвори во доушници на американските агенти.
Еден од нив, Умберто Лоја Кастро, успеал да ги наведе властите да го уништат конкурентниот картел Тихуана, чија територија пота паднала под власта на Чапо. За негова најголема заслуга се смета убиството на еден од најголемите непријатели на шефот, Артуро Белтран Леива, отпадник од Синалоа групата.
Пред 6 години, Чапо Гузман тргна во офанзива на Сиудад Хуарез, овој пат со помош на полицискиот капетан Мануел Фиеро Мендез, кој откако бил откриен, добил казна затвор од 27 години. Тој самиот признал дека бил човек на Гузман, кој постојано носел разузнавачки информации за луѓето кои Гузман се обидувал да ги елиминира.
"Ниту една шпионска приказна не е едноставна. Не се такви ниту војните помеѓу мексиканските картели. Иако насилствата сè уште владеат низ Мексико, Сиудад Хуарез делумно се смири. Дали затишје во овој тероризиран пограничен град е резултат на бруталната победа на Синалоа врз своите ривали, постигната со помош на американските агенти? Ако е така, тогаш малкумина веруваат дека тој мир ќе потрае", ја завршува својата сторија Ростон.
























