Линекер против фудбалерските плати |
Линекер против фудбалерските плати
Фудбалерите не смеат да земаат поголеми плати од медицинските сестри и наставниците, се буни поранешниот капитен на Англија, Гери Линекер кој фино се омрсил од својата кариера.
| « врати се назад |

Фудбалската легенда, инаку сегашен презентерот на „Match of the Day” на БибиСи со плата од 2 милиони фунти годишно, смета дека е апсурдно ѕвездите од Премиер лигата неделно да заработуваат повеќе пари отколку што клучните работници во земјата заработуваат годишно.
Тој е убеден дека многумина тајно се срамат од тој факт, но никој нема храброст тоа јавно да го признае.
„Кога јас играв фудбал, разликата помеѓу платите на фудбалерите и фановите не беше толку голема да не може да се оправда. Оние кои имале среќа да бидат на врвот и да заработуваат големи пари, сфаќаат дека не го заслужуваат тоа богатство повеќе од медицинските сестри или наставниците. Само што никој не би кажал јавно дека не ги заслужува тие пари”, изјавил Линекер за Дејли Мирор.
Во просек, премиер лигашите заработуваат по 780.000 фунти годишно, додека медицинските сестри ја завршуваат годината со 23.500, а наставниците со 30.000 фунти.
Еден од најскапо платените фудбалери во Англија е Вејн Руни, кој за својот ангажман во Манчестер Јунајтед неделно зема 250.000 фунти. 30.000 помалку земја Карлос Тевез од Манчестер Сити. 
Линкер, за кој се вели дека заработил повеќе од 3 милиони фунти рекламирајќи ги чипсовите на Walkers, вели дека ќе го следи примерот на својот колега Алан Хенсен и ќе побара намалување на платата во БиБиСи.
Кога во 1985-та година, Линекер, кој во репрезентативниот дрес дал 48 гола, замина во Евертон за 800.000 долари, просечната неделна заработка на најдобрите изнесувала само 1.000 фунти. Во времето кога го напушти Тотенхем и замина во Јапонија во 1992-ра, платата се зголемила дупло.
Во 1961-та, Џони Хејнес од Фулам, стана првиот фудбалер кој почнал да заработува по 100 фунти неделно.
























