Креативноста по утрото се познава |
Креативноста по утрото се познава
Човек кој нагло станува со звукот на будилникот, трча под туш, пие кафе и брза да ги прелиста весниците, во денот тешко ќе дека ќе направи нешто како што треба.
| « врати се назад |

Стресната утринска рутина, што ја практикуваат голем дел од луѓето, и наштетува на човековата креативност, покажуваат студии. Недамнешни истражувања одат во прилог на тврдењето дека човек е најкреативен кога е малку поспан и не многу фокусиран - како пред да се расони добро, па затоа невролозите и психолозите порачуваат да се искористи тој период.
Стресот од патување до работа низ сообраќаен метеж и тагата од читање лоши вести по весниците ја “убиваат“ способноста на човек да решава проблеми. На креативноста и одмагаат и контактите со намрштени лица во автобус.
“Сето тоа значи дека треба добро да размислиме за нашата утринска рутина. Прво што човек треба да направи е да стане неколку минути порано од вообичаено и така сонлив да запише се што му паѓа на памет, а потоа да ужива во подолго туширање. На работа треба да се напие кафе и наместо да чита весници, подобро е човек да погледне некое видео што ќе го развесели,“ пишува Ени Марфи во Тајм.
Во студија објавена во списанието Thinking and Reasoning, се објаснува дека човек е најкреативен кога е малку гроги, бидејќи умствената состојба во тој период овозможува неочекувано поврзување на работите.
“Човек што не си дава време да залута во сопствените размислувања, пропушта изненадувачки решенија,“ сметаат експертите.
























