Ads

други работи

тамбови

Порно нус ефекти

Да се гледа порно без усул, не чини, и тоа од повеќе аспекти. Порно зависниците не се противат на констатацијата.

Камери ловат милиони

Нов Јужен Велс од сообраќајни казни годинава ќе собере дури 42 милиони долари. Благодарение на безбедносните камери по улиците.

Зошто диктаторите се фрикови?

Колку што гените си го прават своето (нарцизам, параноја, садизам), толку и околината ги охрабрува автократите да се однесуваат настрано.

Гол на сон, ранлив на јаве

Психологот Иан Волас, кој во својата 30 годишна пракса проучувал и толкувал над 150.000 соништа, состави листа од 10-те најчести и нивното значење. Плус совет од него: Соништата не се случуваат, вие ги создавате.

Шопинг против страв од смрт

Вообичаено е по гледање крими серии и филмчиња полни ужас и убиства, човек да добие желба да тркне до продавница, тврдат научниците.

Куп работи = уживанција

Лоша вест: Мултитаскингот не го прави човек попродуктивен. Добра вест: Сеедно, човек екстра се чувствува кога работи повеќе работи одеднаш.

Негувано срце

Побарувачката на козметички третмани за мажи во Британија за една година скокнал за над 60%. Најмногу се лицкале Шкотите.

Стереотипизирање по килажа

Прво што помислува жена за друга дебелка жена - „мрзлива е“. Слабите на прв поглед се „кучки“.

Хитлер верувал дека е месија

Светот за Хитлер: Монструм кој убил милиони луѓе. Хитлер за себеси: Спасител и инкарнација на доброто.

Генијалче

Има IQ 135 (околу 25 помалку од Ајнштајн), знае да ја објасни метаморфозата кај пеперутките и го разбира концептот на митоза. Се вика Емелин и само што наполни 3 години.

Лекции од една бебешка „bucket” листа

Што постигнавте вие од ноември до сега? Колку соништа си исполнивте? За тоа време, Ејвори Лин Канахуати ја фрли првата топка на бејзбол натпревар, доби писмо од претседателот, почувствува длабока љубов и им ги смени животите на роднините и пријателите. Сето тоа го постигна само во текот на првите 6 месеци од својот живот. Кои воедно ѝ беа и последните.

Ниските мажи подолго живеат

Добра вест за ниските мажи: Живеат две години повеќе од високите. Лоша вест за ниските мажи: Ниски се.

„Вресок“ - продаденo за рекордна сума

119,9 милиони долари е цената што ја постигна единствената од четирите верзии на „Вресок“ од Едвард Мунк што не е во музеј, и стана најскапото уметничко дело некогаш продадено на аукција.

Разубавениот пол

Мажите имаат најголема корист од еволуцијата: за да бидат поуспешни во репродукцијата, тие стануваат сè позгодни и попаметни. Кај жените убавината и паметот го немаат истиот ефект.

Нешто старо, ново, позајмено и силикони

Пред свадба на невестите најбитно им било да си најдат венчаница од соништата. На денешниве идни сопруги приоритет им е да ги зголемат градите и испеглаат брчките.

Мојата поубава половина

Повеќе нема потреба од „дак-фејс“ за да испаднете убаво на фотографија, доволно е да ја свртите левата страна од лицето.

Комплиментот подобар од секс и шопинг

Жена повеќе ја расположува еден обичен комплимент отколку добра партија секс, а кога фризерката ќе ѝ ја погоди фризурата, тоа повеќе ѝ значи од унапредување.

Жени и моќ

Сестрата на Ким Јонг Ил, Марина Берлускони и косовската претседателка се дел од жените што според Foreign Policy, може да се стават во ист кош со Ангела Меркел и Хилари Клинтон.

Минимум 50.000 долари за радост

Според најновите пресметки, доволнa ви е плата од "само" 50.000 долари годишно за да бидете среќни. Ех.

Човекот по кучето се познава

Кучињата слободно може да послужат како психолошки тестови за луѓе. Ете на пример, сопствениците на чивава да ми ти биле многу интелигентни.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk