Ads

брак

тамбови

Невеста за милионерот

320 жени од Кина влегоа во финалето на натпревар во кој главната премија се - 11 бракови со милионер. А се пријавиле 2800.

Жена не приговара џабе

Мажи, следниот пат кога жена ви (или девојка ви) ќе почне пак да ве напиња со правење ова или она, наместо "прекини", речете и "фала". За ваше здравје е.

Условите на Ајнштајн

Како физичар бил генијален, ама како сопруг бил далеку од идеален. Кога во 1914-та бракот со Милева Мариќ почнал да му се распаѓа, Ајнштајн ѝ предложил да останат заедно заради децата. Ама составил список од неколку услови што таа требало да ги почитува.

Вдовец vs. вдовица

Според Гардијан, мажите и жените не се еднакви ни кога се мртви. Причина за тврдењето: зборот вдовица во весниците се спомнува 15 пати повеќе од зборот вдовец.

Мрчење како прељуба

Повторување исти работи на партнерот, за бракот е опасно колку и неверството и лошото управување со финансиите.

Не се прави многу паметна

Две различни студии дошле до еден ист заклучок: Жените полесно ќе се омажат ако не се претерано - паметни.

Феминизмот нема да ги измие садовите

Децениите феминизам не ги спасија жените од работата по дома. Дури 80% од мажените домаќинки 'рмбаат бааги повеќе од својот партнер.

Мажите го предадоа ергенството

Денешните мажи почнаа да го прават тоа, за што до скоро беа обвинувани само жените - се женат по секоја цена.

Сакаат ли мажите паметни жени?

На времето жените морале да бираат помеѓу образование и брак. Денес некои работи се имаат променето. Или не?

Бурмата не е гаранција за среќа

Кажување на судбоносното “да“ не ги прави паровите посреќни од оние што само живеат заедно. Самците убедливо најлошо се чувствуваат.

Која сака да биде жена на милионер

Курсот од 2.300 евра за многу жени од средната класа во Кина, се покажал како животна инвестиција, читај: брак со милионер.

Великодушен брак

За среќа и задоволство во бракот најновиот совет од експертите за секој сопружник гласи: давај, давај и биди фин кон партнерот.

Сакаш да се ожениш со мене?

Уморни од чекање, а не од желба да бидат оригинални, жените почнаа на големо да запросуваат.

Мама носи, тато меси?

Како што жените стануваат се поуспешни на “машки“ полиња, така бројот на тнр. традиционални мажи се намалува, а поимот домаќинство и брак полека се редефинираат.

Задолжителна настава за младоженци

За да не им киднат и странските моми, како нивните сограѓанки, мажите од Јужна Кореја мора да се запишат на курс за “како да се биде добар сопруг.“

Просекот стана совршен

Критериумот за идеален маж кај денешните жени сериозно опаднал. Она што ним им треба е просечнo висок тип кој знае да готви, има 30-45 години и евентуално е бизнисмен.

Брак на определено

Ќе те сакам и почитувам, ќе бидам со тебе и во добро и во зло, дури не поминат две години, би можел да гласи новиот брачен завет во Мексико.

Очајни домаќини

Во куќата во која жената го има последниот збор, мажот многу почесто трпи за секс.

Постпородилен машки синдром

Татковството го намалува нивото на тестостерон кај мажите, не од што не им треба, туку за да ги одржи верни на своите тукушто породени жени. 

Причини за “да“

Бракот за мажот колку - толку се исплати, научниците велат и дека го продолжува животот а кога на човек ќе му дојде судниот ден, многу поверојатно е дека нема да биде сам.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk