Порнофилот Хувер |
Порнофилот Хувер
Првиот шеф на ФБИ, Џеј Едгар Хувер ја поседувал најголемата колекција на порничи во историјата, се мувал со малолетни момци и од време на време се облекувал како жена.
| « врати се назад |

Хувер исклучиво бил заинтересиран за порно филмовите со кои неколку големи филмски ѕвезди се обидувале да се пробијат во Холивуд. Па, така тој освен за задоволување на своите сексуални апетити, колекцијата ја користел и за уценување на актерите.
Во неговата приватна порнотека имало и филм со младиот Френк Синатра, снимен во 1934-та година кога тој бил неостварен актер без пари, избркан од дома. Џоан Крафорд е уште едно од најпознатите имиња чиј порнич бил сопственост на Хувер.
Шефот на ФБИ најмногу уживал во еротски фотографии, особено во оние со мажи со големи пениси, кои ги закачувал на ѕидот во купатилото. Омилени му биле разголените слики на познатите мажи, како Тони Кертис, Берт Ланкастер, Ворен Бити, Елвис Присли, Чарлтон Хестон и Џемс Дин.
Ова го открива новата биографска книга, "J. Edgar Hoover and Clyde Tolson: Investigating the Sexual Secrets of America's Most Famous Men and Women" на Дарвин Портер, кој тврди дека Хувер и еден од неговите најблиски пријатели имале секс со маж уапсен од ФБИ. Откако сексуално го искористиле, го пуштиле на слобода и направиле неговиот случај засекогаш да исчезне.
Некогашниот прв човек на ФБИ одамна е предмет на шпекулации за неговиот приватен живот. Најмногу гласини се ширеле околу тоа дека бил трансвестит и дека уживал во геј врската со својот пријател, директорот на ФБИ Клајд Толсон.
Во еден дел од книгата се тврди и дека во текот на '30-те години, Хувер маскиран одел во Хавана, каде користел услуги на машки проститутки.
Пред крајот на животот, тој станал опседнат од идејата дека може самиот да и стави крај на Втората Светска Војна, со тоа што ќе замине во Германија и ќе го уапси или убие Хитлер.
























