Ads

Каде се камењата од Месечината?

Каде се камењата од Месечината?

Од две мисии на НАСА на Месечината донесени се 370 камчиња на Земјата, од кои 184 се изгубени, украдени или им се губи секаква трага. Некои се во депонија, а може да вредат милиони.

Каде се камењата од Месечината?
Камењата од Месечината за некого се уметнички дела вредни милиони, а некој ги нарекува “грди, мали нешта.“

НАСА неодамна објави дека недостасуваат половина од камењата од Месечината донесени на Земјата со истражувањата на Аполо, кои по наредба на претседателот Никсон биле дадени на подарок на 270 земји низ светот, плус на челници на државите во САД. Секое камче било поставено на дрвена подлога на која го имало знамето на земјата што го добива на подарок, од Авганистан до Тринидад и Тобаго.

“Владата на Гадафи доби два камена, но нив сега ги нема. И на Романија и недостасува каменот на добра волја од Аполо 17,“ посочил Јосиф Гутхајнц, поранешен служебник во НАСА, сега познат како ловец на камења од Месечината.

Гутхајнц смета дека таквите камења не биле соодветно заштитени и сега со нив се тргува на црно и се прават измами. Човек кој тврдел дека го има вистинскиот камен од Месечината што припаѓал на Хондурас, за каменот од Гутхајнц побарал 5 милиони долари.

Некои од камењата се загубени благодарение на револуциите и политичките транзиции. Американскиот национален архив на пример открива дека камен бил подарен на покојниот романски диктатор Николај Чаушеску, а Гутхајнц верува дека е продаден после неговото погубување.

Мистериозна сторија пак кружи околу каменот што и припаѓал на Ирска. Се верува дека тој завршил на ѓубриште, откако бил фрлен со урнатините од опожарена опсерваторија во Даблин.

“Каменот се уште е под купишта ѓубре во депонија во Даблин, а може да вреди повеќе од 5 милиони долари,“ изјавил ловецот на камења.

Досега Гутхајнц им влегол во трага на 70-тина камења, вклучително и на оние што им припаѓале на Колорадо, Мисури и Западна Вирџинија. Тој признава дека не ќе може да ги најде сите камчиња (некои и дел од приватни колекции) што биле донесени од Месечината, но има неколку за кои посебно е заинтересиран.

“Навистина сакам да ги видам камењата на Малта и на Романија. Ако одам во Европа ќе го барам романскиот, и веќе имам план како да го сторам тоа,“ додал Гутхајнц.


20. Февруари 2012 - 12:44
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk