Ads

занимливости

тамбови

Вистини за виното

Какво вино е одлично вино, зошто колку е постаро толку е подобро, зошто се става во големи чаши, дали е за вегани и како да се отвори шише вино без отворач, открива Вилијам Шерер, еден од вкупно 180-те сомелиери (врвни експерти за вино) во светот.

Бесплатен пат околу светот

36-годишен германски ТВ водител отпатувал до Антарктикот без скршена пара в џеб. Му биле потребни 150 дена, малку труд, малку среќа и малку помош од добри луѓе по Земјава.

Медал и жена не одат заедно

Како најбрзиот човек во светот се подготвува за Олимпијадата во Лондон? Ѝ мава корпа на девојката.

Ќефови од Силициумската долина

Првите луѓе на Фејсбук, Твитер, Гугл... покрај професијата, имаат/имале и други пасии. Меѓу момците има и магионичар.

Сам свој супер богаташ

Некои од најбогатите луѓе во светот се родени во имашливи фамилии. Тоа не се Роман Абрамович, Опра Винфри, Џ.К. Роулинг, Ралф Лорен и Хауард Шулц.

Град лабораторија

Град од 1 милијарда долари ќе никне во САД во име на научни истражувања. Во него ќе има место за околу 35.000 жители, ама никој нема да го насели.

Секси е...

Ангелите на Викторијас Сикрет ја открија традиционалната „Што е секси?“ листа за 2012-та. Од актерките, избрана е Шарлиз Терон.

Најскапите мегапроекти

Од јавни сообраќајни мрежи што стварно им користат на луѓето, до никогаш недовршениот Дубаиленд, еве ги 15-те најкрупни и најсолени проекти во светов.

Трнлив е патот на порно ѕвездите

Колку и да изгледа примамливо, ич не е лесно да се биде порно ѕвезда, пошто таму важат слични правила како и на секое друго работно место. Бар за мажите.

Олимписки сили

Во пресрет на летните олимписки игри во Лондон, еве историски осврт (од Атина 1896-та кога жените не смееле да учествуваат, до Пекинг 2008-ма) кој го контролира олимпиското злато, прв тест за дрога, интересни факти...

Истерувачи на туристи

Ќе потрошиш милиони евра на инфраструктура и рекламни кампањи за да привлечеш туристи, и ќе се најде некоја алапача, досаден закон или локалец станат на лева нога и сè ќе уништи.

Светот во 2100-та

Помалку војни, позагаден воздух и многу, многу роботи. Е тоа ќе им оставиме на идните генерации.

Места што пишуваат историја

Силициумската долина, Вол Стрит, Фукушима и Африка се најдоа на листата на Тајм на објекти, градови, локации или чуда на природата поврзани со најпресвртните моменти во човековата историја. Има уште.

Спомените на папарацо царот

Првиот папарацо за тоа како било да се „ловат„ славните од зад грмушки и од говорници, и дали некогаш почувствувал вина за тоа што го работел.

Супер тежок Марио

Компјутерските научници се согласија со луѓето што како деца играле Покемон, Супер Марио и Зелда, дека е ужасно тешко да се победи на Нинтендо.

Проклетство на насловната

Невеста и младоженец (славни фаци) на насловна на списание понекогаш може да се толкува и како “ѕвездиве за максимум 6 години ќе се разведат.“

Клубови за цепки

Хипнотерапевт од Хонгконг со мисија да ги опушти жителите на хаотичната метропола, отвора клубови за смеење. Се покажува дека бааги луѓе заборавиле што било тоа смеа од срце.

Мудар и помудар

„Мудроста доаѓа со староста“ дефинитивно не важи за Јапонците, зашто и на 25 години тие се мудри како старци.

Најлошите и најдобрите домаќини

Колку што охриѓани ги „сакаат“ скопјани, толку и Французите ги сакаат странските туристи, воопшто. Барем така се чини од она што го тврдат луѓе кои шетале низ Франција. Бразилците пак, едноставно обожаваат гости.

Милијардер на 24 часа

Новинар на Њујорк Тајмс добил можност еден ден да живее како милијардер. Уживал, ама сепак му е покомфорно во неговите стари чевли.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk