Ads

тестови квизови

тамбови

Тест за менаџери

Имате четири прашања кои треба да одредат дали сте квалификувани да бидете менаџер. Прашањата воопшто не се тешки. Тестов е дел од истражувањето на швајцарската консултантската компанија Андерсен Консалтинг.

квизови, тестови

Познати предмети од класични филмови

Бесилка на тема филмови. Ама не онаква класична кога погодуваш на празно, туку овој пат има и мала помош со некој познат предмет во филмот.

тест

Чија е етикетата?

Чија е етикетата?

За секој неуспех на тестов ќе бидете виновни вие и само вие. Не постои оправдување за машко што не може да погоди барем 10 прашања. И немој да се вадите на точено.

Филмски тест

Неверојатно прецизен тест кој ќе одреди кој ви е омилен филм. На списокот има 18 блокбастери кои успеваат да ги опфатат сите вкусови. Сè што треба е да ги следите упатствата за равенството.

тест

Фокус?

Како ви оди вршење на повеќе работи од еднаш, како ви оди фокусирањето и колку сте добри во распознавање на црвени од сини правоаголници, сето ова во тестот за фокусирање на Њујорк Тајмс.

тест

Знаш ме, знам те

Тест за вашата способност да препознавате непознати лица. Тестов е направен во чисто медицински цели, меѓутоа секој може да го решава и да се провери.

тестови, квизови

Кариера по пантон

На страна целата ваша интелигенција, завршено образование и воопшто искуство, изборот на омилена боја е она што долгорочно ја одредува вашата кариера. Тестот се вика Dewey Color System и го сметаат за најточниот инструмент за одредување на кариерата.

Квизпедија

10 прашања, 10 одговори, сите собрани од статии од Википедија. Вие се што треба да направите е да најдете кој одговор со кое прашање одговара. Плус, имате само 60 секуди за одговарање.

Don't text & drive

Сериозно добра заебанција: возите кола, минувате капии и се обидувате истовремено да одговорите на неколку смс пораки. Одвозете до крај, ќе добиете прецизни резултати за тоа колку полошо возите додека мислите дека можете да бидете мултитаскинг.

Чие е детево?

Финтата е да погодите која е комбинација на родителите. Единствено правило е дека се двајца различни и двајцата се славни а можат да бидат и од ист пол. Добро де, понекогаш ќе ви улета и некој мајмун ама тоа е редок исклучок.

Колку си нарцис?

40 точки со по два одговора. Што и да ви лежи повеќе тоа го одбирате. Подолу има таблица со "точни" одговори. За секој точен одговор, дајте си 1 поен. Потоа видете во која од карактерните особини по колку одговори имате.

тест

Мислете логично

Логиката никогаш не изгледала посложено. 15 дилеми на кои вие треба да одговорите дали заклучоците им се валидни и не. Прашањата се добри, размислете малку пред да кликнете.

Фокусирај се!

Тест за концентрација, за мажи. Не е ништо посебно сложено, ама без разлика на тоа, ќе паднете. И повторно ќе се обидете и пак ќе паднете. Помош: не треба концентрација, туку само да не го спуштате погледот.

Препознавате ли phishing?

Phishing-от е еден од најомилените трикови на интернет преварантите. Ви праќаат меил кој изгледа идентично на некој од оние на кои обично им верувате и потоа ја лапате мамката. На приме. наивно оставате број на кредитна, мислејжи дека сте на сајтот на својата банка. Колку сте оспособени да препознаете ваква дубара и како тоа изгледа? Проверете на следниот тест:

Видеото пред години

На прва изгледа како уште една лајт интернет квиз зезалица, се додека не стигнете до 17-то прашање и не сфатите дека уствари се до тогаш сте одговориле точно. Па после, истото се повторува до крај.

Барај Волчко

Обично ваквите игри се тапа се додека не ти останат само уште 2 од вкупно 25 за да победиш. Е, и кога ќе ги најдете и тие две и кога ќе ви напише "next level" работите почнуваат да стануваат лични.

7 работи

Се смета дека човекот во краткотрајната или работната меморија, може да складира максимум 7 работи и најверојатно заради тоа без никаков проблем ќе стигнете до 4-то ниво од тестов. Е после тоа доаѓа напорот (немој да паѓате во искушение да земете лист и молив).

Тест за зависност

Брз и едноставен начин за проверка, кој ќе докаже колку навистина сте зависни од компјутери во секојдневниот живот.

Каде е ...?

Ајде малку да се пробате во географија. Две категории: лесна - места што треба да ги знаат и деца од 4 години и тешка - места на кои никогаш не сте биле.

Сексот и Квизот

Шесте сезони одамна завршија, ама филмот очигледно беше доволно моќен за повторно да ја оживее манијата за Сексот и Градот. Пробајте се, да видите колку сте биле внимателни и што сте запамтиле од гледањето на Сексот и Градот.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk