Симпсонови со сета сила |
Симпсонови со сета сила
По патот до 500-та епизода (во која гостува Џулијан Асанж), Симпсонови чепнаа неколку прилично осетливи теми. Ова се 7-те најконтроверзни епизоди.
| « врати се назад |
Blame it on Lisa
Во епизодата "Blame it on Lisa" од 2002-ра година, Симпсонови одат во Бразил, каде наидуваат на сиромашни квартови, нападнати од староци и "обоени во светли бои, за туристите да не се навредат". Тогашниот бразилски претседател Фернандо Енрике Кардосо, го критикуваше шоуто за прикажување искривена визија на бразилската реалност.
There’s Something About Marrying
Ако имате чувство дека дебатата за истополниот брак се тегне со години, тоа е затоа што навистина е така. Во 2005-та година, Симпсонови предизвикаа бурни реакции помеѓу конзервативците, откако се позанимаваа со таа тема во епизодата "There’s Something About Marrying", во која сестрата на Марџ, Пети соопштува дека е лезбејка. Л. Брент Бозел, претседателот на американскиот родителски ТВ совет, јавно ја осуди серијата.
"Имате шоу кое го гледаат милиониодеца. Мора ли и нив да ги замарате со геј браковите? Зошто само не ги забавувате?", прашал тој.
MoneyBART
Во 2010-та година, продуцентите го ангажираа британскиот уличен уметник, Банкси, кој интрото за епизодата "MoneyBART" го направи толку мрачно, што единствен начин за враќање на расположението е гледање видеа со бушави мачиња. Уметникот отишол предалеку, прикажувајќи ги фабриките во кои се произведуваат сувенири со ликовите на Симпсонови.
"Ќе лажам, ако речам дека не размислив два пати. Од Фокс беа многу милостиви, бидејќи ја гризнавме раката која нè храни. Кога му го покажав интрото на Мет Гронинг, тој рече дека мора да го емитуваме и да се обидеме да ја доловиме оригиналната намера на Банкси", изјавил за Њујорк Тајмс, продуцентот Ал Жан.
The Fool Monty
Кога сме кај гризањето на раката која те храни, во "The Fool Monty” од 2010-та има еден момент, кој може да се пропушти со само едно трепкање. Таму се појавува хеликоптер на Фокс Њуз, со натпис "Фокс Њуз: Не е расистичка, но број 1 кај расистите".
На своето шоу, Бил Орајли ја испердаши компанијата родител, за тоа што дозволила цртаниот филм да "полуди".
Homer to the Max
Симпсонови редовно ги реметат политичарите, но епизодата од 1999-та "Homer to the Max" во која на тапет е ставен Бил Клинтон, е малку поостра од обично. Играјќи танго со Марџ, тој ѝ признава дека спиел со свињи, референца за Моника Левински.
Bart-Mangled Banner
Во епизодата од 2004-та година, Барт случајно го сквернави американското знаме, грешка заради која цело семејство е испратено во поправен центар "Роналд Реган", направен во стилот на Гвантанамо. Таму налетуваат на неколку десно ориентирани личности, како Мајкл Мур и Дикси Чикс.
The City of New York vs. Homer Simpson
За жал, не секоја контроверзија на Симпсонови е намерна. Пример за тоа е оваа епизода емитувана во 1997-ма година, во која има шеги на сметка на Кулите Близначки. После нападите на 11-ти септември, епизодата била повлечена. Дури постојат и теории на заговор, во кои се тврди дека серијата ги предвидела нападите.
























