Ads

Обратната логика на кинеската цензура

Обратната логика на кинеската цензура

По серијата забрани на реклами, реални и талент шоуа, кинеските телевизии сега се соочуваат со рестрикции на странски програми. Опонентите предупредуваат: Пекинг не сфаќа дека гушењето на популарната култура, може да ја убие целата култура.

Обратната логика на кинеската цензура

Од минатиот октомври, кинеските телевизии се однесуваат како преплашени птици кои не знаат каде да се вгнездат.

Државната администрација за радио, филм и телефизија (SARFT) воведе забрани во обид да ги контролира и цензурира културните активности на овие институции. По рестрикцијата на програми како реални и танчерски шоуа и забраната на реклами, сега на телевизиите им е забрането во ударните термини да емитуваат и странски ТВ серии, вклучувајќи тајвански и хонгконшки продукции.

Освен тоа, времето посветено на странски драми не смее да биде поголемо од 25% од вкупната дневна програма за драми, а секоја од сериите е ограничена на максимум 50 епизоди.

Тешко е да се разбере логиката на овие забрани. Сега веќе нема апсолутно никаква потреба за менаџирање на автономен пазар, кој би бил способен за само-управување. Публиката не е глупава. Таа е свесна дека може да го земе далечинскиот управувач и да се поштеди себеси од глупавите серии или од преголемиот број на реклами.

Ваквите забрани значат неефективност на долгогодишното маркетинг искуството и стратегија на ТВ станиците. Ова негативно ќе се одрази на порастот и само-регулативниот механизам на пазарот.

На прв поглед, забраната на странски серии изгледа како препуштање на монопол на кинеските продукции. Но, овие забрани не се штетни само за локалните телевизии, туку и за културата. Просперитетот на културата доаѓа од пошироката визија и слободното мислење, па така блокадата на културната размена, значи и блокада на културниот пораст на нацијата.

"Иако телевизијата ја ослабна моќта на луѓето за рационално размислување преку читање, нејзината емоционална моќ неосмнено е нова реторика на вистината", Нил Постамн, американски едукатор.Секое запечатено општество е осудено на пропаст. Ако тие странски драми рефлектираат потрага по слобода, љубов, живот и убавина, тогаш која е поентата на изолирање на луѓето од неа? Тоа само може да ја охрабри шпекулацијата за псевдо-култура, која се чини дека промовира хармонија, но во реалност ја поткопува слободата на културната екологија.

Сите знаат дека има многу ѓубре на телевизија, но постоењето на тоа ѓубре е гарант за доблеста и спиритуалната слобода на една ера. Само преку споредба луѓето можат да ја забележат разликата.

Ако сме принудени да ја исклучиме популарната култура, луѓето ќе го загубат чувството за оценување на добрината и елеганцијата. Мултикултурализмот настојува да создаде луѓе со различна свест за доброто и злото, рафинираното и вулгарното. Индивидуалните доблести се базирани на неговите оценки и избори. Тие не можат да се хранат од неписмена почва.

Една нација не може да стане цивилизирана и достојна, ако зависи од разни прохибиции и рестрикции. 

Бу Је Куагжен,
eeo.com.cn


21. Февруари 2012 - 19:03
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk