Почина Витни Хјустон |
Почина Витни Хјустон
Поп дивата што ги одбележа 80-те и 90-те години на минатиот век почина на 48-годишна возраст.
| « врати се назад |

Според Кристин Фостер, менаџерката на Витни Хјустон за односи со јавноста, пејачката е пронајдена мртва на 11 февруари, сабота, во нејзината хотелска соба на четвртиот кат на хотелот Хилтон во Беверли Хилс, Лос Анџелес.
Витни Хјустон почина непосредно пред доделувањето на наградите „Греми“, во истиот хотел каде се одржува годишна забава по тој повод.
Причините за смртта не пејачката сè уште не се познати, а во тек е аутопсијата која треба да утврди како таа починала.
Витни Хјустон е родена на 9 август 1963 година во Њу Џерси, а почнала да се занимава со музика уште како дете. Дебитантскиот албум едноставно насловен „Whitney Houston“ кој го објави во 1985 година е продаден во милионски тираж.
Ќе остане запаметена по многубројните хитови, како „Where Do Broken Hearts Go“, „Waiting to Exhale“, „I Wanna Dance With Somebody“, „I Will Always Love You“ кој е најпродаван сингл на сите времиња, и многу други.
























