Ads

работилница

тамбови

Коста го сретна Карло

Без никакво посредување и менаџирање, јунаците на нашиот сајт успеваат да ги спојат своите карми и да се вмрежат. Така, на Фејсбук се нашле Коста Бургов (кантавтор и фотошоп гуру) и Карло Бос (професионална порно ѕвезда) при што Карло на Коста "му наредил" да напише песна за него, тој со задоволство послушал па напишал текст и спремил жанровски пригодна фотографија.

Хип Пато Хоп

Нашиот Пато не престанува да биде инспирација за музички и други видови творештво. Еве ја последната умотворба која стигна до нас, направено во негова чест. Демо верзија, но со доза енергија достојна за Бисти Бојс.

Православен Outlook

Наш читател изработил мали програмчиња за автоматско вметнување на православните празници за 2008-ма во вашиот Outlook календар. Имате две верзии (за Outlook 2003 и Outlook 2007) и разбирливи упатства за употреба.

Песна за Тоше

Некое девојче, хип-хоперче, направило песна за Тоше. Не дека сме луди по песната ама респект за тоа дека конечно некој фан си нашол продуктивен начин да се справи со "сето тоа".

DJ Бејрут, фамилијарно

По краткиот излет во мрачниот свет на "сентишите", DJ Бејрут и неговата мала но јебитачна мафија се враќаат во своја кожа! Еве ја нивната најнова бријачина:

MK vs. EU

Разлики меѓу македонските и европските возачки навики. Интернет класика, фино адаптирана за наш терен.

ДЈ Бејрут - Есенска

Trendо bratе... slusni go Bejrut kakov sto do sega ne e slusnat :) malku se izligavivme ovoj pat ama neka... ti i onako si znaes kako da postapis...sekogas po sopstveno ubeduvanje....

работилница

Нинанајна/Лорди

Ох, каква монструозна музичка идеја е ова: песната на Елена Ристевска, направена во стилот на актуелните победници на Евровизија! И едните и другите фанови ќе бидат згрозени :)

DJ Бејрут - предизборно

Нема веќе цреши и кајсии да крадеме, од септември бесплатно, овошје ќе јадеме :))

Работилница: Кјубрик против Клаберот

Читател ни испрати интересен ремикс со оној клаберот кој циркулираше по интернет пред некое време. За испраќачот не можам да ви кажам ништо повеќе (пошто ми се претставува како Никој и Ништо), ама песната е well done!

DJ Бејрут, нова роба

По одличниот интро на македонската музичка сцена (со песната Приспивна, премиерно објавена на Он.нет), ДЈ Бејрут ни прати нова песна. Пак е екстра!

Работилница: DJ Bejrut

Знам дека песната ми дојде по меил и дека ми се бендисува па ви ја препорачувам за даунлод.

Македонски јамб

Извесен Кирил Џолев направил игра па предлага посетителите на сајтов да ја пробаат.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk