Ads

Џони Кеш музеј

Џони Кеш музеј

Речиси деценија по неговата смрт, летово во Нешвил ќе биде отворен музеј во чест на Џони Кеш.

Џони Кеш музеј

Во музејот ќе биде сместена колекцијата на Бил Милер, долгогодишен пријател и основач на сајтот за Џони Кеш, како и сведоштва на пријателите, колегите и членовите на семејството.

Во колекцијата на Милер има стари писма од Кеш, негови ракописи, документи и ракопис од последната песна што ја напишал неколку дена пред смртта на 12 септември 2003.

Милер вели дека музејот ќе биде тродимензионално патување низ животот на Џони Кеш, овозможено од соработката со Griffin Technologies.

„Ова е работа во која вложив најмногу љубов, покрај раѓањето на моите деца и мојата прекрасна жена“, изјави Милер.

Џон Картер Кеш, синот на Џони, изјави дека музејот ќе понуди вистинска слика за неговиот татко и ќе овозможи подобар увид во неговиот дух.

Музејот во Нешвил не е првиот во чест на Џони Кеш. Претходно беше изграден музеј во Хендерсонвил, но беше затворен откако мајка му почина во 1990.

Но, музејот не е единствен доказ дека духот на Кеш и понатаму живее. На 3 април годинава Sony Music Entertainment ќе издаде двоен диск со госпел и духовна музика на која Кеш работел во 70-те и 80-те. Некои од песните на компилацијата ќе бидат објавени за прв пат.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

16. Февруари 2012 - 11:03
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk