Ads

Џони ја подели публиката

Џони ја подели публиката

Откако Џони Штулиќ реагираше гневно на веста за рок клубот во негова чест, реагираше и јавноста. Едни го плукаат, други го слават.

Џони ја подели публиката

По интервјуто објавено во Дневни Аваз, каде поранешниот фронтмен на Азра им се заканува со тужба на сопствениците на клубот „Џони“ во Сараево, мислењата на публиката се поделени во две крајности. Едни го оправдуваат неговото однесување како нормална реакција на човек чии права се нарушени, а другите остро го критикуваат Штулиќ кој „сега нашол да се јавува“.

Дел од коментарите на публиката:

- Од „правен“ аспект човекот е во право. Да, би можел да тужи, тоа е негово право, ама се сомневам дека ќе испадне нешто од тоа. Исто така, мислам дека со менување на името газдата нема да изгуби ништо, затоа што пораката на клубот ќе остане иста. Од друга страна, прифати да биде дел од рок културата, па затоа нема право да се буни. К.Х.

- Во Сараево постои и кафуле Бил Гејтс. Белки нема и тој да нè тужи. Б.П.

- Човекот се умори и не му замерувам. Да живее Џони! М.Е.

- Човекот има право на своја приватност/самоизбрана изолација. И не ми е јасно од каде некому право да го експлоатира неговото име и заоставштна за своја лична корист. Кафеаната/клубот е бизнис како и секој друг! А.И.

- Фраерот е тотално отиден... пее народни, хаха! Б.С.

- Човек кој во кратко интервју толку пати ќе го изговори зборот мразам, навистина не е вреден за внимание. За жал, тоа внимание многу му годи, а сè останато е само негово фолирање. А вистина е дека добро се вклопи во сево ова. Овој наш несреќен Балкан секогаш бил преполн со негативни типови со психијатриски дијагнози. Ј.Х.

- Човекот одамна полуде. Тие што го сретнуваа кога повремено доаѓаше во Србија за време на војната кажуваат дека тогаш го фатил првиот бран, а неколку години после војната и вториот. Тој е лик од песната „Беше мој идол“, ама не сонува за нов камбек, туку е господар на самотијата. За мене неговите песни се уште живи, ама самиот тој е далеку, исто како Амадеус. Беспредметно е повеќе да се обидува или да дава било какви интервјуа. Сенка која повеќе нема што да каже. Р.У.

- Тој не е луд... иако, според мерилото на просечното мнозинство е. Потполно го поддржувам (иако го заболе за тоа). Е.Р.

- Беше и остана цар... Е.Б.

- Будала! Треба него да го тужат сите што ги навлече на неговата музика, па сега глуми навреден. Пауло Коељо е во право, треба да се здружат сите пирати. Џ.Б.

- После овој разговор и подобро му е да не дава интервјуа... свири и пеј или молчи. Е.Б.

- „Не ме интересирате. Оставете ме на мира. Да ви **ам патетиката.“ Хахахаа, легенда! Не сум огромен фан, ама Штулиќ - те почитувам заради ваквите ставови. Е** се Балкане. Ј.Ј.


11. Февруари 2012 - 10:30
Ads

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk