Дојде, победи, покажа среден прст |
Дојде, победи, покажа среден прст
Наградите за најдобар женски изведувач и најдобар албум на британските музички награди отидоа во рацете на Адел, која лута што ѝ беше прекинат говорот, им покажа среден прст на организаторите.
| « врати се назад |

Наградата најдобар албум Адел ја доби за “21“, најпродаваниот албум во 21-от век, од кој досега се продадени 17 милиони копии. Но, нејзиното заблагодарување и изјавата дека е горда што е Британка, беше скратено од водителот. Подоцна организаторите и се извиниле на Адел што била прекината.
На годинашното, 32-ро доделување на наградите за најдобар машки изведувач беше прогласен Ед Ширан, Coldplay е избрана за најдобра група, а меѓу сингловите триумфираше "What Makes You Beautiful" на британско-ирската група One Direction.
Ријана беше прогласена за најдобра интернационална изведувачка, во машка категорија наградата ја доби Бруно Марс, а од групите Foo Fighters.
Церемонијата се одржа во 02 Арена во Лондон, а на неа присуствуваа бројни звучни музички имиња. По завршувањето на шоуто, водителот Џејмс Корден на Твитер напишал: “Беше одлична вечер. Не можам да верувам дека ми беше речено да ја прекинам прекрасната Адел.“
Листа на номинирани и победници
























