Ads

музика

тамбови
моја плејлиста

Бранислав Николов (ФОЛТИН) - Мојата road music листа

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Почина Робин Гиб од Биџис

Робин Гиб, еден од тројцата браќа од најславниот диско бенд Биџис почина во 62-та година од животот.

Почина Дона Самер

Легендарната диско пејачка Дона Самер почина на 63 години по долгата борба со ракот.

Во продажба влезниците за Duran Duran

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

моја плејлиста

Игор Анѓелков - Што слушам додека пишувам

Игор Анѓелков го препознавате по филмскиот магазин „Филмополис”, но и како дел од издавачката куќа Или-Или, за која лани го издаде својот прв роман „Крај-пат”. Во отсуство на ангажман во некое домашно радио, неговата прва медиумска љубов, откако претходно по шест години го слушавте на 103-ка и Радио Равел, ова е музичкиот избор со кој Игор бил окупиран додека ја пишувал книгата, во кој еден од носечките ликови е музичар.

Нокаут гости на Duran Duran

Авалон ве известува дека официјалното отворање на вечерта со Duran Duran во Скопје на 7-ми јули – Скопско Кале – Open Air ќе биде со групата Нокаут кои ќе настапат како гости таа вечер!

Во продажба влезниците за Скопје Гори

Ве информираме дека од  10-ти мај (четврток), во продажба ќе бидат пуштени влезниците за годинешното издание на фестивалот Скопје Гори 2012, кој ќе се одржи на 26-ти јуни на Скопско Кале.

Металика, брате!

Повеќе од два часа белградско Ушче грмеше под звуците на Металика. 30.000 луѓе во еден здив го сркнаа скоро цел „Black” албум, сервиран преку совршено озвучување и енергична и беспрекорна изведба. Концертот во Белград со право беше најавен како спектакл.

Дуран Дуран во Скопје!

По вчерашната најава за спектакуларен концерт на рок легендата Лени Кравиц, Авалон денес нè изненади со најава на уште еден голем концерт: во Скопје доаѓаат Дуран Дуран.

моја плејлиста

Владимир Поп Христов - Од Златно Славејче, преку U2, до Грејс Џонс

Голем дел од секојдневната плејлиста на Мио од ДНО, зависи од неговата ќерка Хана, а кога не е принуден да слуша Златно Славејче (а богами и најавни шпици од вести), тој се ежи на U2, се воодушевува на „Tonight” од Тина Тарнер и Дејвид Боуви и ја фали Грејс Џонс.

Лени Кравиц доаѓа во Скопје

После одличниот настап во Охрид пред 4 години, Лени Кравиц повторно доаѓа во Македонија. Овој пат во Скопје и повторно благодарение на Авалон.

Почина Ем Си Еј од Бисти Бојс

По 3-годишна битка со ракот, почина Адам Јауч, основачот на една од најоригиналните хип-хоп групи во музичката историја. Имаше 47 години.

„21“ го порази „Thriller"

Вториот албум на Адел „21“ по продажба во Британија го надмина и „Thriller", најбараниот албум на Мајкл Џексон.

Одложен концертот на Рамбо Амадеус

Password production со големо жалење соопштуваат дека концертот на Рамбо Амадеус во клуб Колосеум е одложен за 16-ти јуни. Човекот има многу обврски околу Евросонг, па ве молиме да го разберете. Башка може да ни дојде како победник!

500 најдобри албуми на сите времиња

Ролинг Стоун ја објави новата листа на 500 најдобри албуми на сите времиња. Канје Вест е застапен со дури 3 албуми, Битлси сè уште се на прво место, а најмногу има музика од 70-те.

Медал на слободата за Боб Дилан

Американскиот претседател Барак Обама ќе го одликува Боб Дилан со Медал на слободата, што е најголемо американско признание.

вонредна плејлиста

Горан Васовиќ (Ева Браун) - Мојот моментален избор

Овој пат малку подрануваме со плејлистата, ама имаме одличен повод - концертот на српскиот бенд Ева Браун во скопскиот клуб Хавана. Ексклузивно за Он.нет (thanks to Password продукција), пејачот Васке ни состави кратка, ама квалитетна листа.

моја плејлиста

Groove Relation (Антонио и Јулијана) - Љубов и музика!

Ни побаравте топ 10. Многу малку и многу зезнато да одбереме. Па ние не можеме ни топ 50 да направиме, а да кажеме дека ТИЕ се тие баш. Сакаме фанк. Сакаме соул. Сакаме џез. Сакаме хаус. Сакаме даунбит. Сакаме апбит. Сакаме музика. И како да се одлучиме за само 10? Да напоменеме, ова се САМО мал дел, или „милиделче“ од она што нам би ни било најдобро.

Родителот Боб Марли

„Беше кул, не претерано мил, но забавен и строг кога беше во прашање училиштето. Имав најсекси татко, се гордеев со него и одев со кренат нос,“ раскажува за легендарниот јамајкански музичар неговата најстара ќерка.

Плејбек ли е ова или музика

Баш беше скандал кога се откри дека отворањето на олимпијадите во Сиднеј и Пекинг било со плејбек музика. Од Лондон барем си најавија: инструменталките ќе бидат плејбек.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk