Ads

медиуми

тамбови

Македонија, полошо од Замбија и Конго

Новинарите во Либан, Конго и Замбија имаат поголема слобода на говор, отколку во Македонија, покажува индексот за слобода на медиумите на "Репортери без граници", на кој бележиме пад за 26 места.

Побарувачка и Тајм

Тајм е еден од најпочитуваните магазини во САД. Магазин кој секоја година на светот му го избира "Човекот на годината," магазин кој ги одредува топ 100-те во најразлични категории, магазин кој еден од столбовите на американското новинарство. Како таков, Тајм има и доста осет за својата публика, посебно за домашната.

EUscreen

Проект чија цел е да собере на едно место видеа, слики, текстови и аудио од најразлични европски телевизии и медиуми. Имаат фина колекција и обемна архива со стари вести, како на пример извештајот на италијанската телевизија за земјотресот во Скопје (кој има шпица како да ќе почнува Бетмен а не вести).

Сибир за отпуштените од News of the World

Компанијата на Руперт Мурдок го исполни ветувањето и им најде работа на отпуштените новинари од News of the World... како хонорарци во Сибир, Финска и Африка.

Хиерархија на смрт

Минатиот викенд беше посебно пеколен за уредниците на вести, кои требаа да донесат одлука што е поважно, смртта на Ејми Вајнхаус или убиството на 93 лица во Норвешка.

Лебедев би го купил News of the World

Рускиот милијардер Александар Лебедев е заинтересиран за купување и повторно пуштање во печат на британскиот таблоид кој беше затворен заради скандал со прислушкување.

Њуз Корпорацијата ќе го шутне Мурдок?

Во обид да се справат со скандалот со прислушкувањето, независните директори на Њуз Корпорацијата размислуваат за промена на лидерството.

Руперт Мурдок се извини

Преку огласи на цела страна во дури 7 весници, Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.

Новинарот кој ја здрма империјата на Мурдок

Ник Дејвис од Гардијан е човекот кој ја откри приказната што доведе до гаснење на 168 години стариот британски весник, кој понижи еден од најмоќните медиумски могули во светот и обелодени хакерски скандал во кој се вмешани политичари, полицајци и новинари.

Мурдок во рекордна була

Скандалот со таблоидот News of the World резултираше со загуба од 7 милијарди долари на трговската вредност на Њуз Корпорацијата, и тоа за само 4 дена.

Како мајките го срушија Мурдок

Лути и одлично организирани, корисничките на британската интернет страна за мајки Mumsnet, биле клучниот инструмент во затворањето на скандалозниот таблоид News of the World.

Не издржа срце таблоидско

„Катастрофа,“ „пропаст“ и „криминално здружување,“ се дел од зборовите што вработените во News of the world успеаја да ги протнат во делот за енигматика, во последниот број од најтиражниот британски весник кој згаснува по 168 години.

Зошто News of the world згаснува?

Британски адвокат наведува можност за прикривање докази како причина за затворање на најтиражниот весник во Британија.

Скандалот на светот

Откако се дозна дека новинарите на најтиражниот британски весник - News of the world, прислушувале околу 4.000 лица, меѓу кои и семејства на жртви на убиства и блиски на загинати британски војници, газдата Руперт Мурдок соопшти дека таблоидот ќе престане да се печати по речиси 170 години.

Среќни радио фреквенции

Луѓето се посреќни и поенергични кога слушаат радио, отколку кога се онлајн или гледаат телевизија, покажа истражување во кое не биле вклучени печатените медиуми.

10.000 весници

Мапа на весници од цел свет. Освен Унен од Монголија, Ал Рајаам од Судан и Синбо од Северна Кореја, мапата има уште 10.000 други весници, поделени по јазик, тема, локација.

Женски тајмс

За прв пат во своето 160-годишно постоење, Њујорк тајмс за извршен уредник назначи жена. „Кога растев, Њујорк тајмс беше замена за религија,“ вели Џил Абрамсон.

Израел со своја Ал Џезира

Еден од највлијателните Евреи олигарси во светот најави про - израелска телевизија за вести, по моделот на БиБиСи и Ал Џезира, преку која ќе обиде да го среди негативниот имиџ на Израел.

Гардијан на годината

Соработката со Викиликс и објавувањето на американските депеши на Гардијан му ја донесоа наградата Весник на годината во Британија.

Нема веќе гага Њујорк тајмс

Во крајно ризичен потег кој треба да ги натера посетителите на сајтот на Њујорк тајмс да платат за нешто што го добивале бесплатно, весникот од 28-ми март започнува со наплата на онлајн содржините.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk