Ads

лошо

тамбови

Вилушкар на местото на злосторот

Повеќе од 460 кутии со австралиско вино, вредни преку милион долари биле уништени во транспортна незгода, а сведоците велат дека настанот личел на убиство, но мирисало феноменално.

Глуп Фотошоп, силна администрација

Тоа што требало да биде пофалба на работата на градежните инспектори и новиот пат во една кинеска општина, се претвори во интернет резил од џиновски размери и најверојатно една од полошите Фотошоп обработки кои сте ги виделе.

Како во дупли затвор

Како во дупли затвор

Единствениот затвореник, во единствениот затвор во Сан Марино е и можеби единствениот затвореник во светот кој го тинтраат до толку што му носат храна од ресторан. Човекот единствено има забелешки дека го “убива“ досада.

Изрезилени во преводот

Несвесни дека микрофоните сè уште им се вклучени и оти ги слушаат голем дел од пратениците, преведувачи во Европскиот парламент се подбивале со вилицата на речиси 80-годишен претставник од Британија.

Нинтендо љубов

Јапонски хотелски комплекс нуди аранжман за "парови," каде дамата е всушност виртуелна девојка од игрицата LovePlus, акција која само летово на "романтичен викенд" им донела преку 2.000 мажи, единствено со Нинтендо во рацете.

За само 2 години

2008-ма, имате (на прв поглед) сосема просечен, нормален 30-годишен дечко, на кој од секогаш му било сон да работи во салон за тетоважи. Во 2010-та, го имате истиот дечко, со остварена желба и "броудбенд пристап" до тетоважи и пирсови.

Тврдиот крај на Кралот

Елвис Присли починал од запек а не како последица на аритмија на срцето предизвикана од нездрава храна и дроги, открива личниот лекар на Кралот.

Малер вреден 100.000 фунти

Откако во ѓубре фрлил добитна грепка со премија од 100.000 фунти, Англичанец останал без жена, станал постојана мета на колегите сеирџии и во очај вели дека животот му се претворил во кошмар.

Раце у вис!

28-годишниот Литванец кој се обиде со својот пенис да удри шкотска полицајка по лице, заработи казна од само 600 фунти бидејќи бил под дејство на алкохол и не паметел ништо што се случило.

Родителска офлајн негрижа

Презафатени со негување на виртуелно девојче, брачен пар од Јужна Кореа до толку го запоставиле своето 3-месечно новороденче од реалниот свет, што починало од глад.

Полот со проблем

Еве зошто на некои жени им е полесно цел живот да останат сами, отколку да се мажат. Што се во право, во право се.

Дарвинови награди 2009-та

Во сериозно силната конкуренција за Дарвиновите награди, постхумното признание за најидиотска смрт на 2009-та година го добија двајцата белгиски ограбувачи на банкомат, кои ја потцениле моќта на динамитот.

Душкачот напаѓа одзади

Во најновата епизода на бизарни сексуални фетиши, ви го претставуваме Англичанецот кој не може да одолее а да не помириса туѓ машки задник во супермаркет.

Зрел календар

Обично не ве предупредуваме околу еротските фотографии што ги објавуваме на сајт. Овој пат ве предупредуваме. Еротски календар 2009-та.

Менсон, помладиот

"Како да сум му син на Хитлер," била изјавата на 41-годишниот Метју Робертс, откако дознал дека неговиот биолошки татко е ни помалку ни повеќе, Чарли Менсон.

Животот пишува стрип

25-годишен Кинез кој се нашол во погрешен кревет, кај погрешна жена, во погрешно време, спасувајќи го својот живот стана олицетворение на секој неуспешен швалер.

Идиоти зад шалтерите

Банк оф Америка одбила да услужи еден потенцијален клиент во Мајами, откако не можела да му земе отисоци на прстите, бидејќи двете раце му биле ампутирани.

За спомен и долго сеќавање

Она што почнало како пијана авантура за една вечер, за еден 24-годишен Британец се претворило во вистински кошмар, откако следното утро сфатил дека додека тој спиел неговата љубовница му го искасапила телото со многу лоши тетоважи.

Силиконска одмазда

28-годишен Американец, со нож во раката се обидел да го добие назад она што тој смета дека му припаѓа само нему, силиконските гради на неговата поранешна девојка, кои тој ги платил од свој џеб.

Силување во "самоодбрана"

Единствената причина поради која еден романски имигрант во Британија брутално силувал 21-годишна девојка, била можноста бесплатнo да научи англиски јазик во некој од британските затвори.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk