Животот не е проба |
Животот не е проба
Твиги, на која многумина ѝ ја препишуваат титулата првиот супермодел, сега има 62 години, а кога би можела да го врати времето назад, не би менувала ама баш ништо.
| « врати се назад |

Кога беше најсреќна?
Кога прв пат ја видов ќерка ми Карли и кога се омажив со Ли.
Од што најмногу се плашиш?
Да ги изгубам саканите.
Најрани спомени?
Дедо ми, со големи мустаќи, ме држи во скут и ми дава слатки.
Која твоја особина не ти се допаѓа?
Што станувам нервозна во авион и паничам во одредени ситуации.
Какви луѓе не сакаш?
Нелојални и неучтиви.
Што е најскапоценото нешто што го поседуваш?
Прекрасен смарагд и дијамантскиот свршенички прстен што ми го купи Ли.
Која натприродна моќ би ја сакала?
Да можам да ги лекувам болните.
Во што би сакала да се маскираш?
Вампирка или црна мачка.
Каде би сакала да живееш?
Дел од времето минуваме во Лондон и Суфолк, дел во Њујорк и Флорида. Убаво ми е, никогаш не здосадува.
Што те прави несреќна?
Малтретирање на деца.
Што најмногу не ти се допаѓа од твојот изглед?
Моите слабички листови на нозете.
Твоја најнепривлечна навика?
Ги грицкам образите од внатрешната страна.
Омилена книга?
Tess Of The D'Urbervilles.
Што е најлошото нешто што ти го кажале?
Кога бев тинејџерка момчето што ме откачи ми рече дека можел да си дозволи или само скутер, или само девојка.
Твое најголемо уживање што ти ја гризе совеста?
Чоколадо.
Која личност најмногу ја презираш?
Лудите, егоистични диктатори.
Кого би поканила на забава од твоите соништа?
Фред Астер, Ноел Кауард, Клеопатра и Грета Гарбо.
Кој збор често го употребуваш?
Gorgeous (прекрасен).
Кога би можела, што би сменила во минатото?
Ништо. Бев многу среќна.
Ако би можела да патуваш во минатото, каде би отишла?
Во лудите 20-ти.
Кога последен пат плачеше?
Кога почина мајка ми.
Една работа која би го подобрила квалитетот на твојот живот?
Приватен авион.
Што сметаш за свое најголемо достигнување?
Се уште сум тука!
Која песна би сакала да се свири на твојот погреб?
The Laughing Policeman.
Најважната животна лекција?
Следи ги соништата и обиди се по пат да не повредиш никого.
Откри ни тајна
Животот не е проба.
























