Ads

фрикови

тамбови

Алкохол за слоновите

На барање на чуварите, пакистанска зоолошка градина 20 години набавувала алкохол за смирување на слоновите во сезона на парење. Арно ама, алкохолот не завршувал кај слоновите.

Фекалобургер

Јапонски научник за спас од глад на светот му го понуди својот најнов изум - плескавица од протеини од човечки измет.

Невестата Хеви Метал

Жената со најмногу пирсови на светот, речиси 7.000, се омажи за 60-годишно ќелаво чиче, кое нема ни грам метал на себе.

Е зошто бе?

Има луѓе што им треба, па користат силикон. Има луѓе што не им треба, па пак го користат. Има луѓе кои разумно додаваат силикон, има луѓе кои комплетно не разумно додаваат. На страна од сите нив го имате ова нешто.

Некрохастлер

Судот во Џорџија ја одби екстремно бизарната идеја на Лари Флинт, во својот порно магазин Хастлер да објави галерија со фотографии од мртвото голо тело без глава на 24-годишна девојка, која беше убиена пред 2 години.

Трајни наочари

Еден од посериозните кандидати за најглупа тетоважа, од откривањето на мастилото до денес.

Градоначалнички перверзии

Сега веќе поранешен градоначалник на една општина во Англија беше разрешен од функцијата, бидејќи провалувал во домови и крадел женска долна облека.

Клонови на тронот

По толку генерации меѓусебно размножување, не е ни чудно што кралското семејство наследило многу повеќе од титули и богатство.

Ликра мен

"Мал ама одбран геј сајт за мажи кои ја сакаат слободата на носење тесна ликра или сапдекс опрема кога одат на прошетка во природа." Епа, од нас толку...

Мишко, бе

Таман само на дрогата да и ја препишат вината за уште една сообраќајна несреќа, излезе дека германскиот шофер кој направи судар во Шведска, всушност мастурбирал додека возел.

Забрането газење деца

Ако планиравте да ја посетите Индија за да најдете деца кои со нетрпение чекаат да ги прегазите со мотор, тогаш веќе сте задоцниле.

"Без раце"

Едно е да бидеш манијак и да се самозадоволуваш додека си на работа, сосема друго е да бидеш идиот и тоа да го правиш додека управуваш со воз со брзина од 201 километар на час.

На тетоважата кратки и се нозете

Девојката која дигна глобална паника дека некој манијак мајстор за тетовирање и нацртал 56 ѕвезди на лицето наместо 3-те што таа ги барала, призна дека всушност нејзината "нарачка" навистина била на 56 ѕвезди.

Тајвански социјален пакет

Невработен бездомник од Тајван има изработено "итар" криминален план, по кој секој ден краде доволно колку да го уапсат на не повеќе од неколку часа, таман колку да добие бесплатен ручек.

Око за око, пенис за свадба

Можеби сечењето на сопствениот пенис не е најпаметен, но е гарантирано еден од највпечатливите начини да му вратите на вашето семејство што не ви дозволило да се ожените со девојка од посиромашна класа.

Детето куче

Руските власти открија "Могли" случај, во кој 5-годишно девојче од сибирскиот град Чита, било израснато од кучиња и мачиња, објавуваат тамошните медиуми.

И Аргентина доби Фрицл

ДНК анализата потврди дека 67-годишниот Аргентинец и направил седум деца на својата ќерка, која го пријавила инцестот дури откако тој се заканил дека ќе силува едно од нив.

Метар и операција за растење

За да покаже дека е човек од интегритет и дека не е важно што другите мислат, австралиски политичар направил операција за продолжување, по која има бруто разлика од 8 сантиметри. Разликата меѓу ова и другите "продолжувања," е што ова е во висина.

Пеколен пајак

Епската битка на еден Британец за прогон и целосно уништување на пајак во неговата куќа, заврши со смрт на пајакот и за малку неуспешна интервенција на три противпожарни возила.

Последната насмевка

Априлската Дарвинова награда ја добива еден британски комичар кој ненамерно се убил себеси вдишувајќи преголеми количества гас за смеење додека гледал порно.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk