Оскаровски расизмус |
Оскаровски расизмус
Дури 94% од членовите на Оскаровскиот електорат се белци, а цели 77% се мажи, ЛА Тајмс конечно го открива лицето на жири комисијата.
| « врати се назад |

Обвиненијата за нееднаквоста на Оскарите со години го тресе Холивуд, каде помалку од 4% од сите статуетки во историјата ги добиле црнци, а за цели 83 години само 1 жена победила во категоријата најдобра режија - Кетрин Бигалоу ("The Hurt Locker").
И покрај се, Американската академија на филмски науки и уметности упорно го држи во тајност составот на жирито, кое брои 5.765 членови.
Сега ЛА Тајмс конечно го открива лицето на електоратот, тврдејќи дека успеале да идентификуваат 5.112 гласачи. Нивните статистики покажуваат дека 94% од жирито се белци, 2% се црнци, а помалку од 2% се Латино-Американци.
Дури 77% се мажи, а 10 гранки на академијата се составени исклучиво од мажи белци. Просечната возраст на гласачите е 62 години, а само 14% се помлади од 50 години.
На листата со членови има и една чесна сестра, 1 сопственик на книжарница и пенизиониран регрут на Мировниот Корпус.
"Иако се очекува во денешно време да постои поголема еднаквост во бордот, сепак тоа не е случај. Кинематографијата не смее да биде професија детерминирана од полот", критикува Ненси Шрајбер, една од малкуте жени кои работат во кинематографскиот огранок на Академијата.
Поранешниот претседател на Акадмеијата, Френк Пирсон, кој во 1976-та година доби Оскар за сценарио за "Кучешко попладне", вели дека нема причина зошто Академијата би требало да ја претставува целата американска популација.
























