Ads

филм

тамбови

Џеки Чен во пензија

„Стар сум за да изигрувам каскадер, а во светот и онака има премногу насилство“, изјави Џеки Чен пред новинарите во Кан.

Најуспешните актери за 2012-та

Том Круз докажа дека не смее да се потценува неговата актерска моќ, а Адам Сендлер и покрај 10-те Златни малини, останува меѓу најбараните комичари, коментира Форбс за двајцата од 10-те најуспешни момци од филмското платно.

Канскиот фестивал е сексистички?

Само неколку часа пред отворањето, феминистичка група во која има неколку истакнати режисерки, го обвини Канскиот филмски фестивал за сексизам.

Првата милијарда за The Avengers

Само 19 дена по премиерата, The Avengers, филм на чии визуелни ефекти работеше и тим од Македонија, од светските кино благајни собра над милијарда долари. Одлично поминале и проекциите во Скопје.

„Хаус“ нема да заврши среќно

„Сите умираат“ е насловот на епизодата со која ќе заврши медицинската ТВ драма „Хаус“, а во која брилијантниот д-р. Грегори Хаус ќе ја преиспитува својата иднина, но и лични демони.

250.000 долари за песна на Битлси

Авторите на серијата Mad Men платија 250.000 долари за песната Tomorrow Never Knows да се појави во само една епизода од серијата. Ова е прв пат оригинална песна од Битлси да свири во ТВ серија.

Ева Грин во Србија

Бонд девојката од Casino Royale игра главна улога во продолжението на холивудскиот хит 300, чии продуценти најавија дека филмот ќе се снима во филмското студио на „Пинк“ во Шимановци.

Кока ли е тоа или пудра?

Статијава е на тема: Што навистина пијат, пушат и шмркаат актерите во филмските сцени.

Фала Борат

Казахстанските власти му се заблагодарија на Саша Барон Коен затоа што со „Борат“ им донел многу туристи во земјата. А филмот уште му е забранет.

Филмовите на Кан 2012-та

Годинава 65-то издание на Канскиот филмски фестивал ќе се отвори со „Moonrise Kingdom“, новиот филм на Вес Андерсон, а премиерно ќе биде прикажан и анимираниот блокбастер „Madagascar 3: Europe's Most Wanted“.

Откриен градот на Симпсонови

Креаторот на Симпсонови, Мет Гренинг, во интервју откри кој град му послужил како инспирација за Спрингфилд од анимираната серија.

Би ги вратила 30-те

За љубов на својот живот Елизабет Мос, ѕвездата од Mad Men, ја смета својата работа, ја сака серијата The Sopranos, од писателите омилен и е Селинџер, а го обожава арт-деко стилот.

Рекордно лош филм

За прв пат во историјата на доделувањето Златни малини еден филм, Jack and Jill со комичарот Адам Сендлер, „победи“ во сите категории.

Ќе умрев во Југославија

76-годишниот актер Доналд Сатерленд, за влакно се спасил од смртта во 1968-та. Оттогаш има глумено во стотина филмови, меѓу кои и долго најавуваниот The Hunger Games.

После снимање има каење

Освен Ричард Гир кој за „Pretty Woman“ изјави дека е глупава романтична комедија виновна за глобалната криза, по свој филм имаат плукано и Марлон Брандо, Арнолд Шварценегер, Шарлиз Терон...

Најголемата утка на Дизни

Со филмот „Џон Картер“, кој беше најавен како голема атракција, Дизни претрпе штета од 200 милиони долари, што е една од најголемите загуби во историјата на филмот.

Обама во „Entourage“

Барак Обама наводно прифатил улога во филмот „Entourage,“ според истоимената серија, која му е омилена на претседателот.

Од кино, на аеродром

Додека некој се восхитува на глумата на актерите, некој на идејата на режисерот, трети во филмовите гледаат совршени водичи за патување - The Hangover, The Way, Мidnight in Paris...

40 години од Кум

На 15-ти март 1972-та за прв пат беше прикажана мафијашката сага Кум, што до денес убедливо води на листите за најдобри филмови. Во чест на ремек-делото на Копола, потсетување на цитати од филмот.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk