Џејми Оливер пронајде скриено богатство |
Џејми Оливер пронајде скриено богатство
Познатиот готвач пронашол ретки и непроценливо вредни снимки од Џој Дивижн и Њу Ордер во подрумот на неговиот нов ресторан во изградба. Ах, да, нашол и куп богатство вредно повеќе од 1 милион фунти.
| « врати се назад |

Ресторанот на Џејми оливер се гради врз стара филијала на банката Мидленд, а снимките се пронајдени при ископување на темелите.
Освен ретките снимки од бендовите, во откриениот таен склад имало и пиштоли, злато и накит.
Вредноста на пронајденото изнесува околу 1,1 милиони фунти, но Џејми ќе мора да го врати во трезорот на банката Мидленд.
Материјалите на Џој Дивижн и понатаму привлекуваат интерес, кој особено се зголеми по самоубиството на пејачот Иан Куртис во 1980, пред објавувањето на вториот албум „Closer“.
Во меѓувреме, Њу Ордер, кои контроверзно се реоформија без легендарниот басисит Питер Хук, неодамна го потврдија учеството како главни ѕвезди на фестивалот Бестивал кој ќе се одржи ова лето.
























