Ads

бушалаштини

тамбови

Животот пишува Бразил

Клипов е од вистинска акција на бразилската полиција против тамошни нарко-дилери. На кратко - го улета џипот во авион (ко индиски акционен филм да гледате). Уште еднаш, ова е стварно.

Мисија: Слободна полица

По 2 мандата Бушалаштини и по губењето на власта, сметавме дека имаме видено се од Џорџ Буш и дека тој повеќе нема капацитет и простор да не изненади со што било. Епа, грешка сме биле. Човекот само што успеа да собере 100 милиони долари, за својата - пази сега - претседателска библиотека.

Буш специјалка

Во 2006-та, Буш беше инспирацијата за отворањето на нова рубрика во шоуто на Летерман, "Големи моменти во претседателските говори," која за жал на светот, беше редовно присутна во Лејт Шоу. Викендов Летерман се збогуваше со оваа рубрика, со најдобрите моменти од неа.

Буш и неговата идеја за жртвување

Во знак на почит кон американските војници кои загинале во војната во Ирак, претседателот Џорџ Буш одлучил да се жртвува и да престане да игра голф. Американските воени ветерани ваквата изјава ја оценија како “навреда за сите Американци”.

Телефон? Јавување?

Тоа што веќе никој не се пали на него, не му смета на Буш во свој стил да продолжи да го надополнува резимето. Овој пат коментирајќи за сопствената пракса околу (не)јавувањето на "црвениот телефон."

Топ Бушизми

Осум години претседател, осум најголеми бисери на најмоќниот човек на планетата, секој сам по себе доволно моќен за "издржување" на цел мандат.

Буш низ тагови

Последното обраќање на американскиот претседател на нацијата, визуелно прикажан преку тнр tag cloud. Облачето покажува одредени избрани клучни зборови во говорот и нивната зачестеност. Колку поголем е зборот, толку повеќе бил употребуван. War? Кој war?

Бомбите на Буш

При посетата на меморијалниот центар во Ерусалим, посветен на жртвите на Холокаустот, Џорџ Буш изјавил дека САД можеле да го спречат убивањето на Евреите, доколку – го бомбардирале Аушвиц.

Буш на ќелаво

По сите теории што излегоа за американскиот претседател и неговите одлуки, една студија за односот на Буш кон ќелавите луѓе (што може да се протолкува и како - зошто Дик Чејни е потпретседател на САД).

По политиката и наредбите

Џорџ Буш во посета на своите ветерани, за директно да се увери во резултатите од војната во Ирак (или која и да е друга војна што САД моментално ја води).

Нук-ју-лар

За да го поштедат од гафови при одржувањето на говорот пред Обединетите Нации, советниците на Џорџ Буш му подготвиле фонетски водич, во кој му напишале како точно се изговараат тешко изговорливите имиња на личности, држави и градови.

Не, другата десна

Од 20-тина политичари замолени на фоторепортерите да им мафнат со десна рака, што мислите кој е оној што ќе утне?

Говорете Буш

Пресек на еден неодамнешен говор на Буш (во врска со војната против тероризмот, одржан во Јужна Каролина) составен само од зборовите Ирак, 11 септември, Ал Каеда и Осама бин Ладен.

Тројцата Бразилци

Зошто Буш колабирал кога чул дека тројца бразилски војници биле убиени во Ирак?

Warming the globe

Ја прекинуваме програмата поради специјалното обраќање на американскиот претседател по повод проблемот со глобалното затоплување.

Смртта и данокот

Поврзаноста на овие две константи од онаа позната крилатица за американскиот модел на живеење станува морбидно јасна ако се види предлог буџетот на Џорџ Буш за 2007-ма година. За воени цели: 64 проценти! Погледнете ја деталната мапа каде ќе одат парите на американските даночни обврзници и обрнете внимание на националниот долг: тој круг не го ни собира на мапата.

Буш најде излез од Ирак!

Одлична карикатура на тема "Има ли Џорџ Буш излезна стратегија од Ирак и која е таа?"

Година на Буш

По цела година беспоштедна работа и вложени натчовечки напори, американскиот претседателот Џорџ Буш конечно го доби признанието за "Најистакнат цитат на 2006-та." Поточно, тој ги освои првите 3 места на листата.

Буш за возрасни

Само за оние кои ги интересира политиката а истовремено се доволно возрасни одблиску да се соочат со ликот на најголемиот ебач на планетава.

Буш го открил Гугл!

Првиот американски сурфер отворено зборува за своето интернет искуство. Да, дознал и за Гугл! Не знае точно како се вика програмот ама го користи да си го гледа ранчот :)

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk