Ads

животни

тамбови

Супермаус

Не знаеме како го дресирале, ама со вештината што ја има сега, слободно може да обучува специјалци.

Who let the bunny out?

Како најдобриот пријател на човекот, испадна и најдобриот пријател на зајакот.

Тролот во гуските

Гуските понекад стварно знаат да бидат злобни. И ич да не се плашат од луѓе. А, богами ни од весник што глуми меч.

Дуо на денот

Не е познат насловот на песната и не се разбира за што точно се пее, ама тоа не треба да ви пречи да видите дека детето (усна хармоника) и кучето (вокал) се извонредно дуо.

Кунг Фу мечка

Или тренирала од мали нозе, или во претходниот живот била Брус Ли. И после оди тепај се со неа.

Алфа глушец

Не чека да си отиде мачката за да почне да го води орото. Ни Џери не му правеше вака на Том.

Кучешки Божиќ

Каква беља си направивме со видеово. Кој ни е крив што другата половина од Земјата веќе почнува да слави. Под никакви услови немојте да им го пуштите клипов на колешки ако сакате да завршат каква било работа до крајот на денот.

Фино воспитано гризли

Секој пат кога ви рекле "мечка од планина ќе се симне и ќе научи, ти уште не научи," веројатно мислеле на ова.

Недругар

Ако на маката другарите се познаваат, овој е шуга!

Човеколика љубов

Дечково го чувал малиов како свое дете а потоа го вратил онаму каде што припаѓа. После неколку години му доаѓа на посета, љубопитен да види дали малиот ќе го познае. Во меѓувреме, малиот пораснал во силен дечко, меѓутоа срцето му останало нежно.

Ѓубре едно!

Да не ти се верува дека нешто што не е човек може да биде вака расипано. Па уште и наудрен знае да се прави.

NO NO NO NO мачка

Нешто што непропорционално е застапено на нашиот сајт, во споредба со неговото присуство на интернетот - клипови со мачки. Ова не можеше да го прескокнеме. Реакцијата на мачка што прв пат гледа едно мало девојче.

Топ 5 од Стив

Пред 5 години една глупа ража го уби Стив Ирвин за време на снимање на документарец на австралискиот брег. Пет клипови во негово сеќавање.

После прес-от

Политичарите, портпаролите и воопшто јавните фаци можат многу да научат од светот на животните.

Не 'рчкај мечка... во Сибир

Некаде во руските пустелии двајца планинари наидуваат на разбеснета мечка. Едниот успева да се спаси и преплашен да го сними целиот настан. Другиот не е толку среќен и не може да ја отргне мечката од себе. Клипот не е за луѓе со слабо срце.

Кога светот ќе ти даде мачки, прави реклама

Логиката зад кампањата е - 90% од клиповите на интернет се со мачки како прават се и сешто, и на крај завршуваат со стотици илјади прегледувања. Ние имаме цела зграда полна мачки.

Мајка и дете на денот

Еве го сценариото - ти легнуваш на грб и заспиваш, јас легнувам до тебе и почнувам да те гушкам, па ти нешто се вртиш наоколу, а во меѓувреме цел свет паѓа во несвест на клипов. Акција!

Перфектно попладне?

Едно од најголемите чуда што може да ги дочека родител е да отиде во зоолошка со дете, а малото да се заигра со видрата и инстантно да престане да замара. Како овие двајца.

Кучето е најсмешниот пријател на човекот

Ако кутрево ви изгледа неодоливо на сликата, чекајте само да го чуете муабетот меѓу него и газдата. Има под итно да си купите куче.

Командо панда

Најновите истражувања на полето на бихевиоризмот кај мечките, покажаа дека на панди на спид не треба да им се пушта цртаниот "Кунг-фу панда." Инаку, ќе се однесуваат вака.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk