Ads

забава

тамбови

Ако Diablo III беше жена

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Семеен рап со Granny G

Има 80 години и мали проблеми со одот, ама ич нема проблем со рапот. На американско талент шоу рапува за семејните вредности и им се обраќа на младите и напалени момци што туку така прават деца. Невидено!

Јас имам екстремен талент

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Кога е гага и вртелешка е блага

Не е баш ролер-костер, ама е добра замена ако немаш забавен парк во близина. Плус, не плаќаш карта.

Златен комшија

Ако имате некој комшија со чуден изглед, немајте предрасуди за него. Еве, на пример, комшијава изгледа чудно, ама е добар човек. Ма поштењачина!

Не ја легализирајте тревата

Пред да го замавате човекот со дрва и камења (уште од сега гледаме дека се спремате), слушнете што има да каже на темата. После тоа гарант ќе бидете од негова.

Само вие пробувајте

Веруваме дека во принцип мажите се за фер плеј, ама ако резултатите од малата превара се вакви...

Кога ќе пораснам ќе станам трејлер

Дон ЛаФонтен, човекот што го позајми гласот за повеќе од 5.000 филмски трејлери, конечно доби свој наследник. Новиот трејлерџија има само 14 години, а веќе е ѕвер!

Таленти во пензија

Група пензионери по цирка 88 години, излагаат на бина на "Британија има талент", изгледајќи ко багра старци кои појма немаат кај треба да застанат и што уопште бараат таму. И тогаш почнува музиката...

Титаник 3Д, искрен трејлер

Филм, толку надуен, што слободно можете да ги прескокнете првите пола саат и пак да ви останат 3 часа за гледање. Филм од кој ќе дознаете дека богатите луѓе главно јадат, а сиромашните мавтаат.

Кога Јода не е Јода

Џорџ Лукас донел права одлука кога решил да се позеза со синтаксата на Јода. Иначе мудрецот не би звучел така мудро. Тhis video watch you must, I say.

Паганини лице

Не е важна вештината во прстите, важно е да правиш гримаси на виртуоз. „Виолинистов“ го сфатил тоа на време и сега слободно може да каже дека е музичка фаца.

„Prometheus” трејлер

Ридли Скот, генијалецот кој ги сними „Alien” и „Blade Runner” се враќа со епот „Prometheus”, кој треба да го спаси СФ жанрот. Клик на повеќе да видите што да очекувате.

Така го цртаа Душко

Чак Џонс, легендарниот аниматор и творец на Душко Долгоушко, со молив во рака покажува како го нацртал суперпопуларниот лик. Мајстор!

Жонглирање со карти

Видеово се гледа 3 пати. Еднаш заради финтите со шпилот карти, втор пат заради добрата монтажа и трет пат само заради музиката.

Кога сите жени би биле Бијонсе

Пробајте да замислите како би изгледал светот ако сите жени се однесуваат ко Бијонсе. Ако не ви оди, ондак само кликнете плеј.

Тој има талент

Сигурно е талентиран и за други работи освен ова што го покажа, ама дефинитивно најмногу го бива за изненадување на публиката и жирито.

Човек-бенд

Порано свирел во бенд, ама после некое време му текнало дека секој инструмент може да го носи со/на себе. Еве како ја свири Buđav lebac на улиците на Риека. Цар!

Две во едно

Таман помисливме дека индиските акциони филмови немаат конкуренција, се појави пиштолџија што нè демантираше. И сега, кој е појак?

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk