Ads

спорт

тамбови

Гумастика

Постојат гимнастичарки, руски гимнастичарки и 3 руски гимнастичарки во розово. Овие последниве се „страва”!

Вратоломната раса

Некои луѓе едноставно се родени да не одат по земја нормално. А, ние обичните смртници можеме само да им се чудиме.

Казахстан, химна, утка, пак

Спортистка од Казахстан освојува злато во Кувајт, и наместо националната химна за поздрав, ја добива верзијата од Борат: „Казахстанските проституки се најчисти во регионот....“

Џе је медаља?!

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил доделува медали после финалето на јуниорскиот куп во Сао Паоло. Одеднаш добива генијална идеја, за среќа овековечена од камерата. И после Ѕинго бил ова, Ѕинго бил она...

Фала од Меси

На кого му ја посветува Меси годинешната титула за ФИФА фудбалер на годината? Токму на тебе. До душа, може нема да видиш толку пари од целата работа како Меси, ама пак фино е што на човекот му текнало на тебе.

Пушкаш 2011.

Ги има Меси, Ибрахимовиќ, Руни и Станковиќ, ама вистинскиот спектакл е тоа што ќе го направи Неимар. Номинираните во изборот на ФИФА за наградата Пушкаш, за најдобар гол на годината.

Совршени НБА соништа

Како би било кога во една иста сезона заедно би играле Коби и Меџик, Дерек Роуз и Џордан, Лери Бирд и Реј Ален.Или пак Новицки против Бирд, Стив Неш против Пистол Пит, Џулиус Ирвинг против Леброн... Беспрекорно!

Скирол, поинаку

Дечково како да добил книга за возење скирол, ама пола од зборовите биле избришани, па сам си пополнил тоа што му фалело.

Шекил на ушка

Она мрцината со хендикеп за слободни, има нова девојка која е висока некаде отрпилика колку и Дени Девито. Една од работите што Шек тврди дека таа може да ги направи е да го носи на ушка и тоа на штикли.

Ај сечи Перо, Пато, Робињо, Тиаго Силва

Продолжува мачниот живот на бразилските миланези. Eве ги на едно враќање по гостување во италијанското првенство. Бонус: обратете внимание на Сидорф во позадина и телефонот :)

Диригентот и трибината

Сабри Сариоглу е фудбалер на Галатасарај, она на трибините е публиката на Галатасарај. Вака се поздравуваат на крај.

Американската "тераса"

Некаков натпревар во американски фудбал, колеџ издание. Домаќините водат 3 поени разлика, уште 5 секунди до крај, топка за гостите. На пауза после неколку акорди, трибините почнуваат да се тресат.

Среќа што не беше слон

Најголемиот проблем со возењето низ африканските пустелии е што нигде нема семафори. А на сите им се брза.

Цело лето во клип

Комплетниот летен репертоар на Watts на Еуроспорт за 2011-та спакуван во едно видео. Трае нешто пократко од едно полувреме во фудбал, ама се исплати. Ставете на цел екран и навалете се во столицата.

Како се плетеше рекетот

Кога ќе заврши она душманското лупање на топка по терен, некој треба да фати и да ги стегне малку рекетите. Бидејќи рамката прилично добро ја имаат решено со тоа вселенските материјали, главна мака е мрежата. Видеото е од работилницата на Вилсон во Њујорк, каде се средуваат рекетите од УС Опен.

Кроце мајке

Снимка од победничкото возење на Дени Харт на UCI светското првенство во монт-бајк што неодамна се одржа во Швајцарија. Главни ликови - спектакуларниот Харт, кој ќе ве извади од памет како вози по тоа калливите удолници и двајцата коментатори со реплики како - "How does Danny Hart sit down, whit balls that big???"

Пукна!

Да не се лажеме, на сите Олимпијади и првенства што минале до сега, сте чекале ова да се случи (друга работа што уште ја чекаме е да му се откачи на тој синџирот од ѓулето). Димитри Стародубцев на Светското првенство во Јужна Кореја.

Спајдермени

Се качил Спајдермен на зградата на МРТВ, разгледал наоколу и прашал: А сега каде бе? Овде ги имаме на лагер двајца такви, ултра брзи, небаре имаат џентлменски договор со гравитацијата да не се закачаат.

Болка скејтерска

Никој не го чудат сите оние преломи на најразлични коски што им се случуваат на скејтерите, сепак интересно е да се видат овие вратоломии на 1000 фрејмови во секунда.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk