Ads

реклами

тамбови

Анти-марихуана (ретро)

Рекламава против пушење трева од 80-те изгледа како да ја правеле луѓе под дејство на малку потешки дроги. Баш и не може да ги натера зависниците да се откажат од ганџата, ама барем ќе им го направи филмот.

Agent Provocateur - The Chase

Без да се пренемагаме со најави и воведи, еве ви само пар клучни збора: Agent Provocateur, полугола, трча. Доволно, нели? 

Точно на време

Најдобрата реклама за рачен часовник снимена до сега. Ако не најдобра, барем најпоучна.

Does he look like a bitch?

Семјуел Л. Џексон сними реклама за Siri. И не помина долго пред некој да се потруди и да ја направи „вистинската реклама за Siri со Семјуел Л. Џексон”.

Имењак

Се вика Мајкл, се презива Џордан, не игра баскет и ич не му е лесно. Здравје, може после рекламава ќе стекне свои фанови.

Додај драма

Плоштад кај што не се случува ништо важно, црвено копче и стрелка на која пишува „притисни за да додадеш драма“. Вака се рекламира телевизија! Клик на повеќе за да додадете драма :)

Дај еден круг

Татко, син, Субару и генијален режисер. Сите што некогаш се бореле за клучевите од колата на родителите може да заплачат на рекламава. Благодарение на Горан Ман, рекламава си доби и соодветен превод на македонски. Хајлајц: Ко канта ти е :-) 

Зошто го сакаме Бразил

Затоа што е земја на фудбалот, на карневалот, на кафето, на ултра згодните жени... И затоа што само тие знаат да направат презентација на женски шампон која ќе привлече повеќе мажи, отколку жени.

Нова реклама на Викторијас Сикрет

Пошто знаеме дека ве изгубивме уште кај насловот, пишувањето каков било вовед за видеово е тотално излишно.

Хендпресо за во кола

Настрана крајно неинвентивната реклама, ова е сериозно добар производ. Посебно за зависниците од филџан „инстант будење”.

Хитлер ага

Што е полошо од турска синхронизирана серија? Турска синхронизирана реклама за шампон. Со Хитлер.

Совршениот пар на Кели Брук

Во духовита хуманитарна реклама за Sports Relief  Кели Брук ја открива тајната на изгледот на нејзините гради. Природно си е природно, ама...

Браусерот што сакате да го мразите

Нема човек што го користел Интернет Eксплорер, а не го мрази. Од Микрософт го знаат тоа, па зезајќи се на своја сметка пробуваат да нè убедат дека новата верзија не е тапа како старите.

Лемон, лемон, лемон

Ваква хумана реклама би можела да смисли само уште Марија Антоанета: ако немаат вода, нека пијат лимонада. Генијално!

L'Odyssée de Cartier

Својот 165-ти роденден, Cartier го одбележува со лудачки добра реклама режирана од Бруно Авеилан, која повеќе личи на трејлер од некој високобуџетен арт филм. Бујрум!

Хамбургерот никогаш не бил посекси

Ова е една од оние реклами кои би ги гледале повторно, и повторно, и повторно... Некој заради Кејт, а некоj заради хамбургерот.

Сите Супер Бол реклами

Годинава на Супер Бол имаше за секого по нешто: супер неизвесен натпревар меѓу Њујорк Џајантс и Њу Ингланд Патриотс, спектакуларно шоу на Мадона и емитување на највозбудливите реклами. За да се уверите дека барем пола од 110-те милиони гледачи го гледаа натпреварот заради рекламите, ви ги претставуваме сите 62.

Потсетување за Денот

Ај дека годинава нема да го заборавите Денот на вљубените. И да бидеме на чисто: Никој не работи до доцна, ако нешто вакво го чека дома. Никој, ама никој! Ни за милион долари. Ни за милион долари, плус пакет Нутела.

Топ 20 Super Bowl реклами

Освен добриот фудбал и супер шоуто на полувреме, многу луѓе гледаат Super Bowl и заради рекламите. Еве зошто.

Долг е патот до Acura NSX

Џери Зајнфелд во реклама што ќе се емитува на Супер Боул. И нормално, не би била реклама за Супер Боул, ако на крајот нема пресврт со некоја друга уште поголема ѕвезда.

Изјава

Ниедна вистинска мајка нема да ја пропушти приликата да ти збоктиса пред да тргнеш на одмор.
Ерна Бомбек

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Сигурно ќе беше плавуша. И тоа ултра згодна, провокативна и попалена плавуша, која на крај увек испаѓа кучка.

Супер е кога луѓе што имаат проблем меѓу себе сакаат да го решат поштено, машки, еден на еден, олдскул до даска. А уште поубаво е кога најавата за ферка е појака од самата ферка.

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

16
највисока темп.
9
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk